Осија 6:1-11
6 „Дојдете, да му се вратиме на Јехова,+ зашто тој нѐ растргна,+ тој и ќе нѐ излекува.+ Тој нѐ удираше, тој и ќе ни ги преврзе раните.+
2 Ќе нѐ оживее по два дена.+ На третиот ден ќе нѐ подигне, и ќе живееме пред него.+
3 Тогаш ќе го запознаеме Јехова и ќе се трудиме да го запознаеме уште подобро.+ Неговото доаѓање е сигурно како и доаѓањето на зората.+ Бог ќе ни дојде како дожд,+ како пролетен дожд што ја натопува земјата.“+
4 „Што да ти направам, Ефреме? Што да ти направам, Јудо,+ кога вашата добрина* е како утринските облаци и како росата која рано исчезнува?
5 Затоа ќе ги сечам преку своите пророци,+ ќе ги убијам со зборовите на својата уста.+ И твоите осуди ќе бидат како светлината што излегува.+
6 Зашто, мене ми е мила добрината,*+ а не жртвата,+ и познавањето на Бог, а не целите паленици.+
7 Но тие, како земски човек, го престапија сојузот.+ Таму ме изневерија.+
8 Галад+ е град на злосторниците, нивните траги се крвави.+
9 Собирот од свештеници е како разбојничка дружина+ која ги демне луѓето.+ Крај патот во Сихем+ вршат убиства зашто се сосема предадени на своите срамотни дела.+
10 Гледам ужасни работи во домот на Израел.+ Таму е блудот на Ефрем.+ Израел се извалкал.+
11 А тебе, Јудо, жетвата ти е одредена, кога ќе го вратам својот заробен народ.“+