Осија 8:1-14

8  „Стави го рогот на својата уста!+ Оној што доаѓа како орел+ против Јеховиниот дом, зашто го престапија мојот сојуз+ и го прекршија мојот закон.+  Кон мене викаат: ‚Боже мој! Ние, Израелците, те познаваме!‘+  Израел го отфрли доброто.+ Нека биде прогонет од непријателот!+  Поставуваат цареви,+ но без мене. Поставуваат кнезови, но без мое знаење. Од своето сребро и од своето злато си прават идоли+ за да бидат истребени.+  Отфрлено е твоето теле,+ Самаријо! Се распламти мојот гнев против нив.+ До кога не ќе можат да се исчистат?+  Зашто, и тоа теле е од Израел.+ Човек го направил+ и не е Бог, зашто телето на Самарија ќе се распрсне на парчиња.+  Сеат ветар, а ќе пожнеат бура.+ На стебленцата жито нема клас.+ Она што изникнува нема да даде брашно,+ а ако и даде, туѓинци ќе го проголтаат.+  Израел ќе биде проголтан,+ ќе заврши меѓу народите,+ како сад што никој не го сака.+  Зашто, отидоа во Асирија,+ како своеглава зебра.+ Ефрем си најмува љубовници.+ 10  И иако ги најмуваат меѓу народите,+ јас ќе ги соберам и за кратко ќе се најдат во тешки болки+ под бремето на царот и на кнезовите. 11  Ефрем ги умножи жртвениците за да греши.+ Неговите жртвеници му служат за грев.+ 12  Му напишав многу зборови во својот закон,+ но нему не му е грижа за нив.+ 13  Мене ми жртвуваа месо+ како жртвен дар и го јадеа она што не ми е мило, вели Јехова.+ Ќе се сетам на нивниот престап и ќе ги повикам на одговорност за нивните гревови.+ Се вратија во Египет.+ 14  Израел го заборави својот Творец+ и почна да гради храмови,+ а и Јуда ги намножи утврдените градови.+ Но во неговите градови јас ќе испратам оган кој ќе ги проголта утврдените дворци во секој од нив.“+

Фусноти