Осија 9:1-17

9  „Не радувај се, Израеле!+ Не весели се како другите народи!+ Зашто, поради блуд го остави својот Бог.+ Ги засака даровите што ги доби како блудничка плата на сите гумна со жито.+  Гумното и винското гмечало не можат да ги нахранат,+ и виното* им носи разочарување.+  Нема повеќе да живеат во Јеховината земја.+ Ефрем ќе се врати во Египет,+ и во Асирија ќе го јадат она што е нечисто.+  Нема повеќе да му излеваат вино на Јехова.+ Нивните жртви нема да му бидат пријатни.+ Тие им се како леб што се јаде во време на жалост,+ и сите што ќе го јадат ќе се извалкаат. Зашто, нивниот леб е за нивната душа, нема да биде принесен во Јеховиниот дом.+  Што ќе правите во денот на средбата и во денот на Јеховиниот празник?+  Зашто, гледај, тие ќе мораат да си одат, бидејќи земјата ќе биде опустошена.+ Египет ќе ги собере,+ а Мемфис*+ ќе ги закопа. Нивните сребрени драгоцености ќе им останат во наследство на копривите,+ а трнливи грмушки ќе растат во нивните шатори.+  Ќе дојдат денови за казна,+ ќе дојдат денови за наплата.+ Израел ќе го знае тоа.+ Пророкот ќе биде безумен,+ а човекот што зборува под вдахновение ќе полуди од мноштвото твои престапи+ и од големата омраза.“  Ефремовиот стражар+ беше со мојот Бог.+ А пророкот+ — тој е замка птичарска на сите негови патишта.+ Омраза владее во домот на неговиот Бог.  Загазија во расипаност,+ како во деновите на Гаваја.+ Тој ќе се сети на нивниот престап+ и ќе ги казни за нивните гревови. 10  „Го најдов Израел како грозје во пустина.+ Како ран плод на смоква што првпат раѓа, ги видов вашите татковци.+ Тие одеа кај Ваал фегорски+ и му се предаваа на тој срамен бог,+ па станаа одвратни како и она што го сакаа.+ 11  А славата на Ефрем одлетува како птица+ и нема раѓање, нема бременост, нема зачнување.+ 12  Зашто, дури и да ги одгледаат своите синови, ќе им ги убијам пред да станат момчиња.+ Тешко ним кога ќе ги оставам!+ 13  Ефрем, кој е засаден на пасиште, ми изгледаше како Тир.+ Тој Ефрем ќе мора да ги изведе своите синови пред убиец.“+ 14  Дај им го, Јехова, она што треба да им го дадеш!+ Дај им утроба што пометнува+ и гради исушени! 15  „Сета нивна злоба беше во Гилгал,+ зашто таму навистина ги замразив.+ Поради нивните зли дела ќе ги истерам од својот дом.+ Нема повеќе да ги сакам.+ Сите нивни кнезови се тврдоглави.+ 16  Ефрем ќе биде поразен.+ Ќе се исуши нивниот корен.+ Ќе немаат плод.+ Дури и да родат, ќе го погубам милиот плод на нивната утроба.“+ 17  Мојот Бог ќе ги отфрли,+ зашто не го слушаа,+ и ќе станат бегалци меѓу народите.+

Фусноти

Или: „слаткото вино“.
На другите места во Библијата „Ноф“. Види Ере 2:16.