Откровение 19:1-21
19 Потоа чув силен глас како глас на големо мноштво на небото,+ кој велеше: „Фалете го Јах!*+ Спасението+ и славата и моќта му припаѓаат на нашиот Бог,+
2 зашто неговите пресуди се вистинити и праведни.+ Зашто, тој изврши суд над големата блудница, која ја расипа земјата со својот блуд, и ѝ се одмазди за крвта на своите робови“.+
3 И по вторпат рекоа: „Фалете го Јах!+ Чадот од нејзиниот пепел ќе се издига во сета вечност“.+
4 И дваесет и четирите старешини+ и четирите суштества+ паднаа ничкум и му се поклонија на Бог,* кој седи на престолот,+ и рекоа: „Амин!* Фалете го Јах!“+
5 И излезе глас од престолот и рече: „Фалете го нашиот Бог, сите вие негови робови+ кои се боите од него, мали и големи!“+
6 И чув нешто што звучеше како глас на големо мноштво и како шум од многу води и како татнеж на силни громови, како вели: „Фалете го Јах,+ зашто Јехова, нашиот Бог, Семоќниот,+ почна да царува!+
7 Да се радуваме и да се веселиме и да му оддадеме слава,+ зашто дојде свадбата+ на Јагнето, и неговата жена е подготвена.+
8 И дадено ѝ беше да се облече во фин лен, сјаен и чист, зашто финиот лен ги претставува праведните дела на светите“.+
9 И ангелот ми рече: „Напиши: среќни се оние што се поканети+ на свадбената вечера на Јагнето“.+ Уште ми рече: „Ова се вистинити Божји зборови“.+
10 Тогаш паднав пред неговите нозе да му се поклонам,+ но тој ми рече: „Не прави го тоа!+ И јас сум само роб како и ти и твоите браќа, на кои им е доверено да сведочат за Исус.+ Поклони му се на Бог!+ Зашто, целта на пророштвата е да сведочат за Исус“.+
11 И го видов небото отворено и, гледај — бел коњ.+ А оној што седеше на него се вика Верен+ и Вистинит,+ и тој праведно суди и војува.+
12 Неговите очи беа огнен пламен,+ а на главата имаше многу круни.*+ Имаше напишано име+ кое не го знае никој друг, освен тој самиот,
13 и беше облечен во облека испрскана со крв.+ Името му беше Реч+ Божја.
14 А по него одеа небесните војски на бели коњи, облечени во фин лен, бел и чист.
15 И од устата му излегуваше остар меч,+ за да ги удри со него народите. Тој ќе управува со нив* со железна палка.+ И ќе го гази гмечалото+ на гневната лутина на Семоќниот Бог.+
16 На својата облека, на своето бедро, имаше напишано име: Цар над царевите и Господар над господарите.+
17 Видов и еден ангел како стои на сонцето. И извика со силен глас, и на сите птици+ што летаат среде небото им рече: „Дојдете, соберете се на големата Божја вечера,
18 да јадете месо+ од цареви, месо од воени заповедници,* месо од јунаци,+ месо од коњи+ и од нивните јавачи, месо од сите луѓе — слободни и робови, мали и големи“.
19 И ги видов ѕверот+ и земните цареви+ и нивните војски собрани да водат војна+ со оној што седи на коњот+ и со неговата војска.
20 И беше фатен ѕверот,+ а со него и лажниот пророк,+ кој пред него правеше чудесни знаци+ со кои ги заведе оние што го примија жигот+ на ѕверот и оние што му се поклонуваа на неговиот кип.+ Обајцата беа живи фрлени во огненото езеро, кое гори со сулфур.+
21 А останатите беа убиени со мечот што излегуваше од устата+ на оној што седи на коњот.+ И сите птици+ се наситија+ со нивното месо.+
Фусноти
^ Или: „му покажаа почит на Бог; извршија чин на обожавање пред Бог“.
^ Или: „дијадеми“.
^ Буквално: „Тој ќе ги пасе“.
^ Или: „илјаданачалници; хилијарси“.