Откровение 21:1-27

21  И видов ново небо+ и нова земја,+ зашто поранешното небо+ и поранешната земја+ исчезнаа, и морето+ повеќе го немаше.  Го видов и светиот град,+ Новиот Ерусалим, како слегува од небото+ од Бог, подготвен како невеста+ украсена за својот маж.+  Тогаш чув еден силен глас од престолот како вели: „Еве го Божјиот шатор+ меѓу луѓето! Бог ќе живее+ со нив и тие ќе бидат негов народ+ и самиот Бог ќе биде со нив.+  И тој ќе ја избрише секоја солза+ од нивните очи и смрт нема да има веќе,+ ни тага, ни пискот, ниту болка.+ Сѐ што беше порано, помина“.+  И Оној што седи на престолот+ рече: „Гледај, правам сѐ ново!“+ Уште рече: „Напиши, зашто овие зборови се вистинити и верни!“  И ми рече: „Се исполнија! Јас сум алфа и омега,* почетокот и крајот.+ На секој што е жеден ќе му дадам бесплатно да пие од изворот на водата на животот.+  Кој ќе победи, ќе ги наследи тие благослови. И јас нему ќе му бидам Бог,+ а тој мене ќе ми биде син.+  А страшливците, безверните,+ валканите,+ убијците,+ блудниците,+ гаталците,* идолопоклониците+ и сите лажливци+ ќе завршат во езерото што гори со оган+ и сулфур.+ Тоа ја претставува втората смрт“.+  И дојде еден од седумте ангели, кои ги имаа седумте садови полни со седумте последни неволји,+ и ми се обрати со зборовите: „Дојди, ќе ти ја покажам невестата, жената на Јагнето“.+ 10  И ме однесе во духот на една голема и висока гора,+ и ми го покажа светиот град+ Ерусалим како слегува од небото од Бог+ 11  и имаше Божја слава.+ Блескаше како скапоцен камен, како камен јаспис, кој сјае како кристал.+ 12  Имаше голем и висок ѕид,+ со дванаесет порти, а на портите дванаесет ангели и напишани имиња, имињата на дванаесетте племиња на синовите Израелови.+ 13  На исток имаше три порти, на север три порти, на југ три порти, и на запад три порти.+ 14  Градскиот ѕид имаше и дванаесет камен–темелници,+ и врз нив дванаесетте имиња на дванаесетте апостоли+ на Јагнето. 15  А оној што ми се обрати држеше златна трска за мерење,+ за да го измери градот и неговите порти и неговиот ѕид.+ 16  А градот беше изграден во облик на четириаголник. Должината му беше еднаква на широчината. И го измери градот+ со трската: дванаесет илјади стадии* — должината и широчината и височината му беа еднакви. 17  Го измери и неговиот ѕид: сто четириесет и четири лакти,* по човечка мера, која е и ангелска. 18  Ѕидот беше изграден од јаспис,+ а градот беше од чисто злато, слично на чисто стакло. 19  Темелите+ на градскиот ѕид беа од секаков вид скапоцени камења:+ првиот темел беше од јаспис,+ вториот од сафир,+ третиот од калцедон, четвртиот од смарагд,+ 20  петтиот од сардоникс, шестиот од сард, седмиот од хризолит,+ осмиот од берил, деветтиот од топаз,+ десеттиот од хризопрас, единаесеттиот од хијацинт, дванаесеттиот од аметист.+ 21  А дванаесетте порти беа дванаесет бисери — секоја порта беше направена од по еден бисер.+ И главната градска улица беше од чисто злато, слично на проѕирно стакло. 22  Во градот не видов храм,+ бидејќи неговиот храм+ е Јехова+ Бог, Семоќниот,+ а и Јагнето.+ 23  На градот не му требаше ни сонце ни месечина за да му светат, зашто Божјата слава го осветлуваше,+ а светилка му беше Јагнето.+ 24  И народите ќе одат во неговата светлина,+ а царевите на земјата ќе ја донесат во него својата слава.+ 25  Портите нема да му се затвораат дење,+ а ноќ таму нема да постои.+ 26  И тие ќе ја донесат во него славата и честа на народите.+ 27  Но ништо несвето и ниту еден кој прави гадотии+ и зборува лага+ нема да влезе во него,+ туку само оние што се запишани во свитокот на животот на Јагнето.+

Фусноти

Види ја фуснотата за От 1:8.
Или: „оние што повикуваат духови“. Буквално: „оние што употребуваат дрога“.
Околу 2.220 километри. Види ја фуснотата за От 14:20.
Околу 64 метри. Види го додатокот 13.