Песна над песните 3:1-11
3 На постелата своја, во ноќите, го барав оној кого го љуби душата моја.+ Го барав, но не го најдов.
2 Ве молам, пуштете ме да станам и да го обиколам градот,+ да го барам по улиците и по плоштадите+ оној кого го љуби душата моја. Го барав, но не го најдов.
3 Ме сретнаа стражарите+ што го обиколуваа градот. ‚Го видовте ли оној кого го љуби душата моја?‘
4 Само што ги изминав, го најдов оној кого го љуби душата моја. Го зграпчив, и не го пуштав додека не го воведов во куќата на мајка ми и во одајата на онаа што во утробата ме носела.
5 Ве заколнувам,+ ќерки ерусалимски, во газелите и во срните полски,+ не будете ја, не побудувајте ја љубовта во мене ако самата не се разбудила.“+
6 „Што е тоа што се крева од пустината како столбови од дим и мириса на смирна и на темјан+ и на секакви трговски мирисливи прашоци?“+
7 „Гледај, тоа е носилката на Соломон. Околу неа има шеесет јунаци, избрани од јунаците на Израел.+
8 Сите меч имаат, за војна се извежбани, и секому мечот му е на бедрото поради ноќниот страв.“+
9 „Тоа е носилката која цар Соломон ја направи за себе од дрво ливанско.+
10 Столбовите ѝ ги направи од сребро, потпирачите од злато. Седиштето ѝ е од волна црвеникаво-виолетова, а внатрешноста со љубов ја украсија ќерките ерусалимски.“
11 „Излезете и гледајте го, ќерки сионски, царот Соломон со венецот+ што му го исплете мајка му+ на денот на неговата свадба, на денот на радоста на срцето негово.“+