Песна над песните 4:1-16

4  „Колку си убава,+ о љубена моја! Колку си убава! Очите ти се како на гулабица+ под превезот твој.+ Косата ти е како стадо кози+ што потскокнуваат надолу по ридовите галадски.+  Забите ти се како стадо штотуку острижени овци што доаѓаат од капење+ — секоја носи близнаци, ниту една не е без јагниња останата.  Усните ти се како нишки црвени и говорот твој е пријатен.+ Како резанки од калинка ти се слепоочниците под превезот.+  Вратот+ ти е како кулата+ Давидова, изградена од редови камење, а на неа висат илјада штитови, сѐ тркалезни штитови+ на јунаци.  Двете гради+ ти се како две младенчиња, близнаци на газела што пасат меѓу кринови.“+  „Пред да задува дневниот ветрец+ и пред сенките да побегнат, ќе појдам до смирновата гора и до темјановиот рид.“+  „Целата си убава,+ о љубена моја, и немаш никаква маана.+  Со мене од Ливан, о невесто+ моја, со мене од Ливан+ појди! Слези од врвот на Антиливан,* од врвот на Сенир,+ од врвот на Хермон,+ од лавовските дувла, од леопардовите гори!  Срцето силно ми чука поради тебе, сестро моја,+ невесто моја,+ срцето силно ми чука поради еден твој поглед,+ поради еден приврзок од твоето синџирче. 10  Колку е слатка љубовта твоја,+ сестро моја, невесто моја! Колку е подобра љубовта твоја од виното, а мирисот на маслата твои е попријатен од сите мириси!+ 11  Од усните ти капе мед од саќе,+ о невесто моја. Мед+ и млеко имаш под јазикот, а мирисот на фустаните твои е како мирисот+ на Ливан. 12  Градина оградена е сестрата моја,+ невестата моја, градина оградена, извор запечатен. 13  Кожата твоја е рајска градина полна со калинки, со најбирани плодови,+ со кана и со нард,+ 14  со нард+ и со шафран,+ со мирисна трска+ и со цимет,+ со секакви видови темјанови дрвја, со смирна и со алое,+ со сите најдобри мириси.+ 15  Кожата твоја е извор за градините, кладенец на пивка вода+ и поток што тече од Ливан.+ 16  Разбуди се, северен ветру, дојди и ти, ветру јужен!+ Задувај над градината моја!+ Нека потечат мирисите нејзини!“ „Нека дојде мојот љубен во градината своја и нека ги јаде најбираните плодови нејзини.“

Фусноти

Буквално: „Аман“.