Песна над песните 6:1-13

6  „Каде отиде љубениот твој, о најубава меѓу жените?+ Каде тргна милиот твој, да го бараме со тебе?“  „Љубениот мој отиде во градината своја,+ кај леите со билки мирисливи,+ меѓу градините, за да го пасе стадото+ и да бере кринови.  Јас му припаѓам на љубениот мој, и љубениот мој ми припаѓа мене.+ Тој го пасе стадото+ меѓу криновите.“  „Убава си, љубена моја,+ како Прекрасниот Град,*+ преубава си како Ерусалим,+ страшна како четите+ под бајраци собрани.+  Тргни ги очите од мене,+ зашто поради нив сум немирен. Косата ти е како стадо кози што потскокнуваат по Галад.+  Забите ти се како стадо овци што доаѓаат од капење — секоја носи близнаци, ниту една не е без јагниња останата.+  Како резанки од калинка ти се слепоочниците под превезот.+  Нека има и шеесет царици и осумдесет наложници* и девојки без број,+  но само една е гулабицата моја,+ онаа што нема маана.+ Таа е љубимка на мајката своја, чиста е кај родителката своја. Девојките ја видоа, и за среќна ја прогласија, царици и наложници ја видоа, и тие ја фалеа:+ 10  ‚Која е оваа,+ која гледа одозгора како зората,+ убава како полната месечина,+ чиста како сонцето што сјае,+ страшна како четите под бајраци собрани?‘ “+ 11  „Во оревовата градина+ отидов да ги видам пупките во долината,+ да видам дали лозата потерала, дали калинките процутиле.+ 12  И не сфатив што се случува, а желбата* моја ме одведе на колите на народот мој благороден.“ 13  „Врати се, врати се, Суламко! Врати се, врати се да те гледаме!“+ „Што гледате на Суламката?“+ „Нешто како игра на два логора!“*

Фусноти

Или: „како Терса“.
Види ја фуснотата за 1Мо 22:24.
Буквално: „душата“.
Или: „игра маханаимска“.