Песна над песните 7:1-13

7  „Колку се убави чекорите твои во сандалите,+ ќерко благородна! Облините на бедрата твои се како накит,+ дело на уметнички раце.  Папокот твој е како чаша тркалезна. Вино зачинето+ никогаш нека не снема во неа. Стомакот ти е како куп пченица, со кринови оградена.+  Двете гради твои се како две младенчиња, газелини близначиња.+  Вратот+ ти е како кула од слонова коска. Очите+ ти се како езерата во Есевон,+ кај портата на Ватравим. Носот ти е како кула ливанска што гледа кон Дамаск.  Главата твоја на тебе е како Кармил,+ а кадриците+ на главата твоја се како волна црвеникаво-виолетова.+ Бујната коса го зароби царот.+  Колку си убава, колку си мила, сакана моја, милина над милините!+  Ставата твоја прилега на палма,+ а градите+ ти се како урмини гроздови.  Реков: ‚Ќе се качам на палмата за да ги дофатам нејзините гранки со урмини гроздови‘.+ Градите твои нека бидат како гроздови на лоза, мирисот на здивот твој како јаболка,  а непцето твое како најдобро вино...“+ „Кое лесно се лизга+ кон љубениот мој, полека тече низ усните на оние што спијат. 10  Јас му припаѓам на љубениот мој+ и тој копнее по мене.+ 11  Дојди, мил мој, да појдеме в поле!+ Да се одмориме меѓу грмушките од кана.+ 12  Да станеме рано и да појдеме во лозјата за да видиме дали потерала лозата,+ дали се отвориле цветовите,+ дали процветале калинките.+ Таму ќе ти покажам колку те сакам.+ 13  Мирис шират мандрагорите,+ и секакво најубаво овошје+ има крај влезот наш. И новото и старото, мил мој, го зачував за тебе.

Фусноти