Плач Еремиин 3:1-66

א [алеф]* 3  Јас сум човек што виде неволја+ од стапот на гневот негов.   Мене ме одведе и ме испрати да одам по темница, а не на светлина.+   И токму против мене постојано, по цел ден, ја свртува својата рака.+ ב [бет]   Направи да ми овенат телото и кожата,+ ми ги искрши коските.+   Изгради бедем околу мене, ме опкружи+ со отровни растенија+ и со неволја.   Ме стави да седам на мрачни места,+ како оние што одамна се мртви.+ ג [гимел]   Ме загради со ѕид од камен за да не излезам.+ Ми стави тешки окови.+   А кога викам и молам за помош, ја одбива мојата молитва.+   Со делкан камен ги препречи моите патишта.+ Патеките ми ги затрупа.+ ד [далет] 10  Тој за мене е како мечка што демне,+ како лав скриен во заседа.+ 11  Ги збрка моите патишта и ме остава како земја необработена. Ме опустоши.+ 12  Го оптегна лакот свој+ и ме поставува како мета за стрелата.+ ה [хеј] 13  Во бубрези ми ги заби стрелите, синовите на тулот свој.+ 14  Станав за потсмев+ за сиот противнички народ, ми се подбиваат во песните по цел ден.+ 15  Ме насити со горчина,+ ме напои со пелин.+ ו [вав] 16  Ме пушта да си ги кршам забите со чакал,+ ме тера да клечам во пепелта.+ 17  Ме отфрлуваш, нема мир душата моја. Заборавив што е добро.+ 18  И велам: „Ја снема мојата возвишеност и она на кое се надевав од Јехова“.+ ז [заин] 19  Сети се на неволјата моја и на бездомништвото мое,+ на пелинот и на отровното растение!+ 20  Душата твоја сигурно ќе се сети и ќе се наведне над мене.+ 21  На тоа ќе го потсетувам срцето свое,+ поради тоа спремно ќе чекам.+ ח [хет] 22  Поради Јеховината милост*+ не загинавме сосема,+ бидејќи неговите милосрдија никако не престануваат.+ 23  Се обновуваат секое утро.+ Верноста твоја е голема.+ 24  „Јехова е моето наследство“,+ вели душата моја, „затоа спремно ќе го чекам.“+ ט [тет] 25  Добар е Јехова кон оној што се надева на него,+ кон душата која го бара.+ 26  Добро е да се чека,+ без збор да се чека,+ спасението од Јехова.+ 27  Добро е човек да го носи јаремот во младоста своја.+ י [јуд] 28  Нека седи во самотија и нека молчи+ зашто тој го стави бремето на него!+ 29  Нека ја приближи до прашината устата своја!+ Можеби има надеж.+ 30  Нека му го сврти образот на оној што го удира,+ нека се насити со срам!+ כ [каф] 31  Зашто, Јехова не отфрла засекогаш.+ 32  Дури да завие во тага,+ тој ќе се смилува поради својата голема милост.*+ 33  Зашто, кога им нанесува неволја на синовите човечки или ги завива во тага, не се радува на тоа.+ ל [ламед] 34  Кога под нозете се столчуваат+ сите затвореници на земјата,+ 35  кога правдата на човекот се извртува пред лицето на Севишниот,+ 36  кога неправедно се постапува со човекот во неговата парница — Јехова не го одобрува тоа.+ מ [мем] 37  Кој заповедал да се случи нешто, и се случило, без Јехова да го заповедал тоа?+ 38  Од устата на Севишниот не доаѓа и зло и добро.+ 39  Како може жив човек да се жали,+ како може човек да се жали поради гревот свој?+ נ [нун] 40  Да ги испитаме патиштата свои и да ги истражиме,+ и да се вратиме кај Јехова!+ 41  Да го подигнеме срцето и рацете кон Бог, кој е на небесата:+ 42  „Ние направивме престап и бевме бунтовни.+ А ти не даде прошка.+ ס [самек] 43  Со гнев го спречи пристапот+ и нѐ прогонуваш.+ Убиваше, милост немаше.+ 44  Со облаци го спречи пристапот до тебе,+ за да не помине молитвата.+ 45  Од нас направи ѓубре и отпад сред народите.“+ פ [пе] 46  Сите наши непријатели ја отворија устата против нас.+ 47  Ужас и јама нѐ снајдоа,+ опустошување и пропаст.+ 48  Од окото мое течат потоци солзи поради пропаста на ќерката на мојот народ.+ ע [аин] 49  Очите ми истекуваат од плачење, нема одмор за нив+ 50  додека Јехова не погледне и не види од небото.+ 51  Очите мои ѝ нанесуваат болка на душата моја+ поради сите ќерки на градот мој.*+ צ [цадик] 52  Непријателите мои упорно ме ловат како птица,+ а без причина.+ 53  Во јама сакаа да му стават крај* на мојот живот,+ камења фрлаа врз мене. 54  Води ми потекоа преку главата.+ Реков: „Ќе загинам!“+ ק [куф] 55  Го повикав името твое, о Јехова, од најдлабоката јама.+ 56  Ти го слушаш гласот мој.+ Не затворај го увото кога барам ослободување, кога тебе те повикувам за помош!+ 57  Се приближи во денот кога те повикував.+ Рече: „Не плаши се!“+ ר [реш] 58  Ти, Јехова, ги презеде парниците на душата моја.+ Го откупи животот мој.+ 59  Ја виде, Јехова, неправдата што ми е нанесена.+ Донеси ми праведна пресуда!+ 60  Ја виде целата нивна одмазда, сѐ што смислуваат против мене.+ ש [син] или [шин] 61  Ги слушна како ме срамотат, Јехова, го слушна сето она што го смислуваат против мене,+ 62  зборовите на оние што се креваат против мене+ и она што го шепотат против мене по цел ден.+ 63  Погледни ги кога седат и кога стануваат!+ Јас сум им песна.+ ת [тав] 64  Ти, о Јехова, ќе им вратиш според постапките нивни, според делото на нивните раце.+ 65  Ќе им дадеш закоравено срце,+ проклетството твое ќе го фрлиш на нив.+ 66  Ќе ги гониш во гнев и ќе ги истребиш+ од под небесата твои,+ Јехова.

Фусноти

Види ја фуснотата за Пл 1:1.
Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Или: „лојална љубов“.
Или: „сите градови околу градот мој“.
Буквално: „Во јама го замолчија“.