Проповедник 7:1-29

7  Подобро е добро име отколку добро масло,+ и смртниот ден е подобар од денот на раѓањето.+  Подобро е да одиш во куќа каде што плачат отколку во куќа каде што се гоштаваат,+ бидејќи таков му е крајот на секој човек. Кој е жив, нека го земе тоа присрце.  Подобра е тагата отколку смеата,+ зашто од загрижено лице срцето станува подобро.+  Срцето на мудрите е во куќа каде што плачат,+ а срцето на безумните е во куќа каде што се веселат.+  Подобро е да слушаш укор од мудар човек+ отколку да ја слушаш песната на безумните.+  Зашто, какво што е потпукнувањето на трњето под котел, такво е смеењето на безумникот.+ И тоа е суета.  Зашто, угнетувањето може да го наведе мудриот да постапува лудо,+ и дарот+ може да го расипе срцето.+  Подобар е крајот на една работа отколку нејзиниот почеток.+ Подобар е оној што е стрплив отколку оној што е вообразен.*+  Немој брзо да се навредуваш,*+ зашто навредливоста почива во пазувите на безумните.+ 10  Не вели: „Зошто поранешните времиња беа подобри од сегашниве?“+ — бидејќи не е мудро+ да го прашуваш тоа. 11  Добра е мудроста заедно со наследството и корисна им е на оние што го гледаат сонцето.+ 12  Зашто, мудроста е заштита,+ а и парите се заштита.+ Но предноста на знаењето и на мудроста е во тоа што тие им го чуваат животот на оние што ги имаат.+ 13  Погледни ги делата+ на вистинскиот Бог. Кој може да го исправи она што тој го искривил?+ 14  Во добар ден покажувај доброта,+ а во зол ден размислувај за тоа дека вистинскиот Бог го создал и едниот и другиот ден,+ за да не може човекот да открие ништо од она што ќе биде по него.+ 15  Сешто видов во моите суетни дни.+ Праведникот пропаѓа во праведноста своја,+ а злиот човек долго живее во злобата своја.+ 16  Не биди преправеден+ и не биди премногу мудар.+ Зошто самиот да се упропастиш?+ 17  Не биди премногу зол+ и не биди глупав.+ Зошто да умреш предвреме?+ 18  Добро е да го држиш едното, но и другото не пуштај го од рака.+ Зашто, кој се плаши од Бог, го уважува сето тоа.+ 19  На мудриот мудроста му дава поголема сила отколку на градот десет моќни луѓе што се во него.+ 20  И нема праведен човек на земјата, кој прави само добро и никогаш не греши.+ 21  Не земај го присрце секој збор што ќе го кажат луѓето,+ па нема да го чуеш слугата свој како те колне.+ 22  Зашто, срцето твое добро знае дека и ти многу пати си ги колнел другите.+ 23  Сето тоа го испитав со мудрост. Реков: „Ќе станам мудар“. Но мудроста остана далеку од мене.+ 24  Она што се случува е далеку и многу длабоко. Кој може да го сфати?+ 25  Со срцето одлучив+ да ја спознаам, да ја истражувам и да ја пронајдам мудроста+ и смислата на сѐ,+ и да го спознаам сето зло на безумието и бесмисленоста на лудоста.+ 26  И го открив следново: од смртта погорка+ е жена која е мрежа ловечка и чие срце е мрежа рибарска и чии раце се окови.+ Човекот му е по волја на вистинскиот Бог ако бега од неа, а грев прави ако дозволи таа да го зароби.+ 27  „Ете, тоа го открив,“ вели оној што го поучува* народот,+ „разгледувајќи ги работите едно по друго за да дојдам до заклучокот+ 28  што мојата душа постојано го бараше, но без успех. Најдов човек чесен, еден во илјада,+ а жена чесна меѓу сите нив не најдов.+ 29  Ете, само ова го открив: вистинскиот Бог ги направил луѓето чесни,+ но тие одат по многуте свои замисли.“+

Фусноти

Буквално: „има вообразен дух“.
Буквално: „да се навредуваш во својот дух“.
Буквално: „собира“. Види ја фуснотата за Про, наслов.