Псалми 108:1-13
Псалм. Давидова песна.
108 Моето срце е постојано, о Боже.+Ќе пеам и ќе те фалам со песна.+Мојата слава ќе ти пее и со песна ќе те фали.+
2 Разбуди се, псалтиру! И ти, харфо!+Ќе ја разбудам зората!+
3 Ќе те фалам меѓу народите, Јехова,+и со песна ќе те фалам меѓу племињата.+
4 Зашто, твојата милост* е голема до небото,+твојата вистинољубивост до облаците.+
5 Возвиши се над небесата, Боже,+и твојата слава нека биде над целата земја!+
6 За да бидат избавени оние што ги сакаш,+спаси нѐ со твојата десница и услиши ја мојата молба!+
7 Бог рече во својата светост:+„Ќе воскликнувам, ќе го дадам Сихем+ во наследство,+ќе ја измерам рамницата Сокот.+
8 Галад+ е мој, Манасија+ е мој,а Ефрем е тврдината на мојот поглавар;+Јуда е мојата заповедничка палка.+
9 Моав+ ми е сад во кој ќе си ги измијам нозете.+На Едом+ ќе ја фрлам својата сандала.+Над Филистеја+ ќе воскликнувам победнички“.+
10 Кој ќе ме доведе до утврдениот град?+Кој ќе ме води дури до Едом?+
11 Зар нема ти, Боже, кој нѐ отфрлаше досега+и не одеше со нашите војски, иако си наш Бог?+
12 Помогни ни во неволја,+зашто залудно е да се надеваме на спасение од земен човек!+
13 Од Бог ќе добиеме сила,+тој ќе ги згази нашите противници.+