Псалми 19:1-14

На управителот. Давидова песна. 19  Небесата ја објавуваат Божјата слава,+небесниот свод зборува за делата на неговите раце.+   Секој ден зборува за тоа,+секоја ноќ открива знаење.+   Тука нема говор, тука нема зборови,од нив глас не се слуша.+   По целата земја го растегнале своето мерно јаже+и нивните зборови отидоа до крајот на светот.*+На небесата Бог му поставил шатор на сонцето,+   и тоа излегува како младоженец од својата свадбена одаја,+се радува како јунак што трча по патот.+   Од едниот крај на небото тргнува,а на другиот крај го довршува своето кружење,+и ништо не е скриено од неговата топлина.+   Јеховиниот закон+ е совршен,+ ја крепи* душата.+Опомената*+ од Јехова е веродостојна,+ му дава мудрост на неискусниот.+   Јеховините наредби+ се исправни,+ го веселат срцето,+Јеховината заповед+ е чиста,+ им дава сјај на очите.+   Стравот+ од Јехова е чист, останува засекогаш.Јеховините пресуди+ се сушта вистина,+ сосема се праведни.+ 10  Треба да ги посакуваш повеќе отколку злато, повеќе отколку куп суво злато,+послатки се од медот,+ од медот што тече од саќето.+ 11  Тие го опоменуваат твојот слуга.+Тој што се држи за нив, прима голема награда.+ 12  Но кој ќе ги препознае своите грешки?+Исчисти ме од гревовите за кои не сум свесен.*+ 13  И од вообразени постапки чувај го својот слуга,+не дозволувај да овладеат со мене.+Тогаш ќе бидам целосно оддаден+и ќе останам чист од многу престапи. 14  Зборовите на мојата уста и размислувањето на моето срце+нека ти бидат пријатни, о Јехова, Карпо моја+ и Откупителу мој.+

Фусноти

Буквално: „плодното тло“.
Буквално: „враќа“.
Види ја фуснотата за Пс 119:2.
Или: „од тајните гревови“.