Псалми 28:1-9
Давидов псалм.
28 О Јехова, тебе те викам.+Карпо моја, не свртувај го увото од мене,+не молчи пред мене,+за да не бидам како оние што заминуваат во јамата.+
2 Чуј го гласот на моите сесрдни молитви, кога викам кон тебе за помош,кога ги подигам рацете+ кон најприкриената просторија во твоето свето место.+
3 Немој да ме отстраниш со злите и со оние што прават зло,+кои со ближниот свој зборуваат мирољубиво,+ а злото им е во срцето.+
4 Дај им според нивните дела+и според злобата на нивните постапки.+Дај им според делата на нивните раце.+Плати им за она што го прават.+
5 Зашто, не им е грижа за она што Јехова го прави,+ни за делото на неговите раце.+Тој ќе ги урне и нема да ги изгради.
6 Нека е благословен Јехова, зашто го слушна гласот на моите сесрдни молитви.+
7 Јехова ми е сила+ и штит.+Во него имаше доверба моето срце,+и добив помош, па моето срце извикува.+Со песна ќе го фалам.+
8 Јехова е силата на својот народ+и тврдина што му донесува величествено спасение на својот помазаник.+
9 Спаси го својот народ и благослови го своето наследство,+паси го и носи го за навек.+