Псалми 29:1-11
Давидова песна.
29 Признајте го Јехова, вие што сте моќни,*оддајте му слава на Јехова и признајте ја неговата моќ.+
2 Оддајте му ја на Јехова славата што е достојна на неговото име.+Поклонете му се на Јехова во убаво и свето руво!+
3 Гласот Јеховин е над водите,*+славниот Бог+ згрми.+Јехова е над многу води.+
4 Гласот Јеховин е силен,+Гласот Јеховин е величествен.+
5 Гласот Јеховин крши кедри,Јехова ги крши ливанските кедри,+
6 па Ливан и Сирион+ скокаат како телиња,+како синови на диви бикови.
7 Гласот Јеховин сече со огнен пламен,+
8 Од гласот Јеховин пустината болно се превиткува,+Јехова прави пустината Кадис+ да се превиткува од болка.
9 Од гласот Јеховин срните предвреме се породуваат,+и тој ги соголува шумите.+Сите во неговиот храм велат: „Слава на Бог!“+
10 Јехова владее над потопните води,+Јехова седи како цар за навек.+
11 Јехова ќе му даде сила на својот народ.+Јехова ќе го благослови својот народ со мир.+
Фусноти
^ Буквално: „синови на моќните“.
^ Изразот „водите“ се однесува на буреносни дождовни облаци.