Псалми 32:1-11

Давидов псалм. Маскил.* 32  Среќен е оној кому престапот* му е простен, кому гревот му е покриен.+   Среќен е човекот кому Јехова не му ги става на сметка грешките+и во чие срце* нема измама.+   Кога молчев, коските ми се исушија од непрестајно офкање.+   Зашто, дење и ноќе твојата рака ме притискаше.+Исчезна животниот сок во мене како да сум на летен припек.+ (Села)   Конечно ти го признав гревот и не ја прикрив вината.+Реков: „Ќе му ги признаам на Јехова своите престапи“.+И ти ја прости вината за моите гревови.+ (Села)   Затоа, секој што ти е лојален, ќе ти се моли тебе+додека сѐ уште може да те најде.+Порои од многу води нема ни да го допрат.+   Ти си ми скривалиште, ти ќе ме штитиш од маката.+Ќе ме опколиш со радосни извици поради избавувањето.+ (Села)   „Ќе ти дадам разборитост* и ќе те поучам за патот по кој треба да одиш.+Ќе те советувам, моето око ќе биде над тебе.+   Не бидете како коњ или маска без разум,+чијашто сила треба да се скроти со узда или со огламник+пред да ти се приближи.“+ 10  Многу болки има оној што е зол,+а оној што има доверба во Јехова, него го опкружува милоста.*+ 11  Радувајте му се на Јехова и веселете се, праведници!+Извикувајте радосно, сите вие што сте со непорочно срце!+

Фусноти

„Маскил“ — хебрејски израз чие точно значење не е познато; веројатно значи „песна за размислување“.
Или: „бунтот; бунтовничкиот престап“.
Буквално: „дух“.
Или: „Ќе ти дадам способност за разбирање“. Види ја фуснотата за изразот „разборитост“ во Из 1:3.
Или: „лојалната љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.