Псалми 37:1-40

Давидов псалм. א [алеф]* 37  Не гневи се поради оние што прават зло.+Не завидувај им на оние што вршат неправда.+   Зашто, ќе овенат+ брзо како трева,како млада зелена трева ќе се исушат.+ ב [бет]   Имај доверба во Јехова и прави добро,+живеј на земјата и постапувај верно.+   Јехова нека биде твојата радост,+па ќе добиеш од него што ти срце сака.+ ג [гимел]   Префрли му ги на Јехова животните грижи,+потпри се на него,+ и тој ќе ти помогне.+   И ќе ја изведе праведноста твоја како светлина+и правдата твоја како пладне.+ ד [далет]   Молчи пред Јехова+и желно чекај го.+Не гневи се на оној што е успешен на својот пат,+на човек што го прави она што го замислил.+ ה [хеј]   Отфрли го гневот и остави ја лутината,+не гневи се — тоа само води до зло.+   Зашто, оние што прават зло, ќе бидат истребени,+а оние што се надеваат на Јехова, ќе ја поседуваат земјата.+ ו [вав] 10  Уште малку, и злиот ќе го снема.+Ќе го побараш на местото негово, а него ќе го нема.+ 11  А кротките ќе ја поседуваат земјата+и ќе уживаат во изобилен мир.+ ז [заин] 12  Злиот смислува сплетки против праведниот+и чкрта со забите против него.+ 13  Јехова му се смее,+зашто гледа дека му доаѓа денот.+ ח [хет] 14  Злите извлекуваат меч и оптегнуваат лак+за да ги соборат страдалникот и сиромавиот,+за да ги погубат оние што се справедливи на својот пат.+ 15  Сопствениот меч ќе им се забие в срце+и нивните лакови ќе се скршат.+ ט [тет] 16  Подобро е она малку што го има праведникот+отколку изобилството што го имаат мнозина зли.+ 17  Зашто, рацете на злите ќе се скршат,+а Јехова ќе ги крепи праведниците.+ י [јуд] 18  Јехова го знае животот на непорочните,*+и наследството нивно ќе трае довека.+ 19  Нема да се посрамат во време на неволја,+и во деновите на глад ќе бидат сити.+ כ [каф] 20  Зашто, злите ќе пропаднат,+Јеховините непријатели ќе бидат како најбујни пасишта —ќе ги снема,+ ќе исчезнат во чад.+ ל [ламед] 21  Злиот зема на заем и не враќа,+а праведникот е милостив и дава дарови.+ 22  Оние што тој ги благословува, ќе ја поседуваат земјата,+а оние што ќе ги проколне, ќе бидат истребени.+ מ [мем] 23  Јехова му ги зацврстува чекорите на човекот+и се радува на неговиот пат.+ 24  И да се лизне, нема да падне,+зашто Јехова го држи за рака.+ נ [нун] 25  Бев млад и остарев,+но никогаш не видов праведник да биде оставен,+ниту неговите деца да просат за леб.+ 26  Секогаш е милостив и дава на заем,+а неговото потомство го очекуваат благослови.+ ס [самек] 27  Тргај се од злото и прави добро,+и ќе живееш довека.+ 28  Зашто, Јехова ја сака правдата+и нема да ги остави оние што му се лојални.+ ע [аин] Тие ќе бидат заштитени за навек,+а потомството на злите ќе биде истребено.+ 29  Праведниците ќе ја поседуваат земјата+и ќе живеат на неа засекогаш.+ פ [пе] 30  Устата на праведникот тивко кажува мудрост+и неговиот јазик зборува праведно.+ 31  Законот на неговиот Бог му е во срцето,+неговите чекори нема да бидат несигурни.+ צ [цадик] 32  Злиот го демне праведникот+и гледа да го убие.+ 33  Но Јехова нема да го препушти во неговите раце+и нема да го прогласи за зол кога ќе му биде судено.+ ק [куф] 34  Надевај се на Јехова и држи се за неговиот пат.+Тој ќе те возвиши, и ти ќе ја поседуваш земјата.+Кога злите ќе бидат истребени, ти ќе го видиш тоа.+ ר [реш] 35  Го видов злиот колку е насилен+и како се шири како разгрането дрво на местото на кое е засадено.+ 36  Но помина, и го нема повеќе,+го барав, но не можев да го најдам.+ ש [шин] 37  Гледај го непорочниот* и набљудувај го праведниот,+зашто иднината на тој човек ќе биде мирна.+ 38  А сите престапници ќе бидат истребени,+ќе пропадне иднината за злите.+ ת [тав] 39  Од Јехова е спасението на праведниците,+тој е нивната тврдина во време на неволја.+ 40  Јехова ќе им помогне и ќе ги избави.+Ќе ги избави од злите и ќе ги спаси,+зашто тој е нивното прибежиште.+

Фусноти

Види ја фуснотата за Пс 9:1.
Види ја фуснотата за 1Мо 6:9.
Види ја фуснотата за 1Мо 6:9.