Псалми 48:1-14

Псалм. Песна на синовите на Кореј.+ 48  Велик е Јехова и достоен за голема фалба+во градот на нашиот Бог,+ на неговата света гора.+   Убава поради својата возвишеност, радост за целата земја,+на крајниот север+ лежи гората Сион,градот на Великиот Цар.+   Во неговите кули, Бог се покажа како сигурна тврдина на високо место.+   Зашто, гледај, царевите се договорија+ и се собраа,+и сите поминаа.   Видоа и се вчудовидоа.Се збунија и во паника побегнаа.+   Таму ги обзеде трепет,+родилни болки како кај родилка.+   Со источен ветар ги разбиваш тарсиските бродови.+   Како што слушнавме, така и видовме+во градот на Јехова над војските, во градот на нашиот Бог.+Бог ќе го утврди за да стои за навек.+ (Села)   Размислувавме, Боже, за твојата милост*+среде твојот храм.+ 10  Како твоето име,+ Боже, така и твојата фалбадопира до границите на земјата.Твојата десница е полна со праведност.+ 11  Нека се радува гората Сион,+нека се веселат селата на Јуда+ поради твоите закони.+ 12  Поминете околу Сион и обиколете го,+избројте ги неговите кули.+ 13  Внимателно набљудувајте ги неговите бедеми.+Прегледајте ги неговите кулиза да му раскажувате за тоа на идното поколение.+ 14  Зашто, тој Бог е нашиот Бог довека, за сета вечност.+Тој ќе нѐ води додека не умреме.+

Фусноти

Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.