Псалми 63:1-11

Песна која ја напиша Давид кога се најде во Јудејската Пустина.+ 63  Боже, ти си мој Бог, тебе те барам.+Мојата душа жеднее за тебе.+Моето тело гине од копнеж по тебево земја сува и исушена, каде што нема вода.+   Така те гледав во светото место,+откако ја видов твојата сила и твојата слава.+   Твојата милост* е подобра од животот,+затоа ќе те фалат моите усни.+   Затоа ќе те благословувам додека сум жив,+во твое име ќе ги подигам рацете во молитва.+   Мојата душа се насити како со најдобриот дел, како со лој,+и мојата уста те фали со радосен восклик на усните.+   Кога ќе се сетам на тебе в постела,+за време на ноќните стражи, размислувам за тебе.+   Зашто, ти ми помагаш,+во сенката на твоите крилја воскликнувам радосно.+   Мојата душа се прилепи до тебе,+твојата десница цврсто ме држи.+   А оние што ѝ посакуваат пропаст на мојата душа+ќе отидат во најдлабоката длабочина на земјата.+ 10  Ќе бидат предадени на власта на мечот,+ќе станат храна за лисиците.+ 11  А Бог ќе биде радоста на царот.+Секој што во него се заколнува, ќе се гордее,+зашто ќе им биде затната устата на оние што кажуваат лаги.+

Фусноти

Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.