Псалми 75:1-10

На управителот. „Не погубувај!“ Напев. Песна. Асафов+ псалм. 75  Ти благодариме, о Боже; ти благодариме,+името твое е близу.+Луѓето ќе зборуваат за твоите чудесни дела.+   „Зашто, одредив време.+Јас почнувам да судам според правдата.+   Се растопија земјата и сите нејзини жители,+а јас ги исправив нејзините столбови.“+ (Села)   Им реков на безумните: „Не бидете безумни!“+и на злите: „Не подигајте го рогот!+   Не подигајте го високо својот рог!Не зборувајте дрско!+   Зашто, ниту од исток, ниту од запад,ниту од југ не доаѓа возвишувањето.   Зашто, Бог е судија.+Еден понижува, а друг возвишува.+   Зашто, Јехова ја држи во рака чашата+и се пени виното, виното опојно.Тој ќе го истури неговиот талог,сите зли на земјата ќе го испијат до капка, ќе го испијат неговиот талог“.+   А јас ќе зборувам за тоа довека,со песна ќе го славам Богот на Јаков.+ 10  „Ќе ги скршам сите рогови на злите.“+Ќе се подигнат роговите на праведникот.+

Фусноти