Псалми 91:1-16
91 Кој живее во тајното засолниште+ на Севишниот,+ќе престојува во сенката на Семоќниот.+
2 Ќе му речам на Јехова: „Ти си моето засолниште и мојата тврдина,+мојот Бог, во кого ќе имам доверба“.+
3 Зашто, тој ќе те избави од замката на птичарот,+од поморот што донесува несреќа.+
4 Со своите перја ќе те покрие+и под неговите крилја ќе најдеш засолниште.+Неговата вистинољубивост+ ќе биде како голем штит+ и како бедем.
5 Нема да се плашиш од никаква стравотија ноќе,+ниту од стрелата+ што лета дење,
6 ниту од чумата што во мракот оди,+ниту од уништувањето што ограбува напладне.+
7 Покрај тебе ќе паднат илјадаи десно од тебе десет илјади,но такво нешто нема да се приближи до тебе.+
8 Само ќе гледаш со очите,+и ќе ја видиш платата на злите,+
9 затоа што рече: „Јехова е моето прибежиште“,+и Севишниот ти стана живеалиште.+
10 Нема да те снајде никакво зло,+помор нема да му се приближи на твојот шатор.+
11 Зашто, на своите ангели тој ќе им заповеда за тебе+да те чуваат на сите твои патишта.+
12 Тие ќе те носат на раце+за да не удриш со ногата во камен.+
13 Ќе згазнеш на млад лав и на кобра,+ќе газиш по граблив млад лав и по голема змија.+
14 „Затоа што ми е приврзан,+ќе го избавам,+ќе го заштитам, бидејќи го познава моето име.+
15 Тој ќе ме повика, и јас ќе го услишам.+Со него ќе бидам во неволја,+ќе го избавам и ќе го прославам.+
16 Ќе го наситам со многу денови+и ќе му го покажам моето спасение.“+