Псалми 95:1-11
95 Дојдете, да му пееме радосно на Јехова!+Да ѝ пееме победнички на Карпата на нашето спасение!+
2 Да дојдеме пред неговото лице со благодарности,+со победнички песни да воскликнуваме пред него!+
3 Зашто, Јехова е голем Бог+и голем Цар над сите други богови.+
4 Во неговата рака се најскриените длабочини на земјата,+нему му припаѓаат планинските врвови,+
5 нему му припаѓа морето, кое го создаде,+неговите раце го обликуваа копното.+
6 О, дојдете, да паднеме ничкум* и да му се поклониме!+Да клекнеме+ пред Јехова, својот Творец!+
7 Зашто, тој е нашиот Бог, а ние сме народот на неговото пасиште и овците кои ги чува неговата рака.+Ако денес го слушнете неговиот глас,+
8 немојте да ги стврднувате срцата како кај Мерива,+како во денот на Маса во пустината,+
9 кога вашите татковци ме искушуваа.+Ме испитуваа, а ги видоа моите дела.+
10 Четириесет години ми се гадеше од тоа поколение,+и реков:„Тие се народ со непостојано срце+и не ги познаваат моите патишта“.+
11 За нив се заколнав во својот гнев:+„Нема да влезат во моето почивалиште“.+
Фусноти
^ Или: „да покажеме почит; да извршиме чин на обожавање пред Бог“.