Римјаните 1:1-32
1 Од Павле — роб+ на Исус Христос, повикан+ за апостол,+ одвоен за проповедање на Божјата добра вест,+
2 која Бог однапред ја вети преку своите пророци+ во светите Писма,
3 за својот Син, кој по тело+ е потомок на Давид,+
4 а кој со силата+ на духот+ на светоста беше прогласен за Божји Син+ кога беше воскреснат од мртвите,+ за Исус Христос, нашиот Господар,*
5 преку кого примивме* незаслужена доброта+ и апостолство+ за сите народи, на слава на неговото име, да стекнат вера и да му бидат послушни,+
6 а меѓу нив сте повикани и вие да му припаѓате на Исус Христос —
7 до сите Божји сакани кои се во Рим, повикани+ да бидат свети:+
Бог, нашиот Татко, и Господарот Исус Христос+ нека ви дадат незаслужена доброта и мир!+
8 Најпрвин, му благодарам на мојот Бог+ преку Исус Христос за сите вас, бидејќи за вашата вера се зборува по целиот свет.+
9 Зашто, Бог,+ кому му служам* со сето срце* проповедајќи ја добрата вест за неговиот Син, ми е сведок дека секогаш ве спомнувам во моите молитви+
10 и се молам конечно да успеам некако да дојдам кај вас, ако е Божја волја.+
11 Зашто, копнеам да ве видам,+ да ви дадам некаков духовен дар+ за да зајакнете,
12 односно, заемно да се охрабриме,+ јас со вашата вера,+ а вие со мојата.
13 Но, не би сакал да не знаете, браќа,+ дека многупати имав намера да дојдам кај вас+ — но досега бев спречен — за да наберам некаков плод+ и меѓу вас, како и меѓу останатите народи.
14 Должник сум им и на Грците и на останатите народи,* и на мудрите+ и на неуките.
15 Оттаму е и мојата силна желба да ви ја објавам добрата вест+ и вам во Рим.+
16 Имено, јас не се срамам+ од добрата вест. Таа е Божја сила+ која му донесува спасение на секој што верува,+ најнапред на Евреинот,+ а потоа и на Гркот.+
17 Зашто, Божјата праведност+ им се открива на луѓето преку добрата вест поради нивната вера,+ и тоа им ја јакне верата, како што е напишано: „А праведникот ќе живее поради верата“.+
18 А Божјиот гнев+ се излева* од небото на секоја безбожност и неправедност+ на луѓето, кои неправедно+ ја потиснуваат вистината,+
19 зашто она што може да се знае за Бог им е видливо+ — Бог им го направи тоа видливо.+
20 Зашто, неговите невидливи+ својства, имено неговата вечна моќ+ и божество,+ јасно се гледаат уште од создавањето на светот,+ бидејќи се распознаваат по она што е создадено,+ па така тие луѓе немаат изговор.+
21 Зашто, иако го запознаа Бог, не му оддадоа слава и не му заблагодарија како на Бог,+ туку размислувањето им стана залудно+ и неразумното срце им се помрачи.+
22 Тврдеа дека се мудри, но станаа безумни,+
23 и славата+ на нераспадливиот Бог ја заменија со кипови+ направени според обликот на распадлив човек и на птици и на четвороножни животни и на лазачи.+
24 Затоа Бог, според желбите на нивните срца, ги предаде на нечистотија+ за самите да си ги обесчестуваат+ своите тела.+
25 Тие ја заменија Божјата вистина+ со лага,+ па го почитуваа и го обожаваа созданието, наместо Создателот, кој е благословен во сета вечност. Амин.*
26 Затоа, Бог ги препушти на срамни сексуални страсти:+ нивните жени ги заменија природните односи со противприродни,+
27 а така и мажите ги оставија природните односи со жената+ и во својата страст се распалија едни по други, па мажи со мажи+ го прават она што е срамотно+ и ја примаат заслужената плата+ за своите расипани постапки.+
28 И бидејќи не сакаа добро да го запознаат* Бог,+ Бог дозволи да ги водат размислувања што тој не ги одобрува+ и да го прават она што не прилега.+
29 Полни се со секаква неправда,+ злоба,+ лакомост,+ расипаност,+ полни се со завист,+ убиства,+ караници,+ измами,+ злонамерност,+ шират озборувања,+
30 клеветат,+ го мразат Бог, дрски се,+ надуени,+ вообразени,+ смислуваат зло,+ непослушни им се на родителите,+
31 неразумни се,+ не почитуваат договори,+ бесчувствителни се кон другите,*+ немилосрдни.+
32 Иако добро ја познаваат Божјата праведна одредба+ — дека оние што постапуваат така, заслужуваат смрт+ — тие не само што така постапуваат туку и ги одобруваат+ таквите постапки на оние што ги прават.
Фусноти
^ Види го додатокот 11.
^ Или: „примив“. Павле го заменува првото лице (јас) со множина.
^ Или: „кому му вршам света служба“.
^ Буквално: „со својот дух“.
^ „Останатите народи“ — буквално: „варварите“.
^ Буквално: „се открива“.
^ Изразот „добро да го запознаат“ е превод на грчкиот збор епи́гноси, кој, како и глаголот епигино́ско, е засилен облик на поимот „знаење“, односно „знае“, и може да се изрази со поимите како што се: „точно, потполно, добро, темелно знаење (знае)“.
^ Или: „немаат љубов кон членовите на семејството“.