Римјаните 6:1-23
6 Според тоа, што да речеме? Дали ќе останеме во грев за да се покаже уште повеќе незаслужената доброта?+
2 Никако! Поради тоа што умревме за гревот,+ како можеме и понатаму да живееме во него?+
3 Или, зар не знаете дека сите ние што сме крстени во Христос Исус,+ крстени сме во неговата смрт?+
4 Според тоа, со своето крштавање сме погребани+ со него во неговата смрт, за да живееме нов живот*+ исто како што Христос е воскреснат од мртвите преку славната моќ на Таткото.+
5 Зашто, ако сме обединети со него во смрт слична на неговата,+ ќе бидеме обединети со него и во воскресение слично на неговото,+
6 знаејќи дека нашата стара личност е заедно со него прикована на столб,+ за нашето грешно тело да изгуби власт над нас,+ за да не му робуваме повеќе на гревот.+
7 Зашто, оној што умрел, ослободен е од својот грев.+
8 А ако сме умреле со Христос, веруваме дека и ќе живееме со него.+
9 Зашто, знаеме дека Христос, откако стана од мртвите,+ повеќе не умира,+ смртта повеќе нема власт над него.
10 Зашто, со смртта со која умре, умре еднаш засекогаш за да го отстрани гревот,+ а со животот што го живее, живее за Бог.+
11 Така и вие, сметајте се себеси за мртви+ за гревот, а живи+ за Бог преку Христос Исус.
12 Затоа, да не царува гревот+ во вашето смртно тело, па да ги слушате желбите на телото.+
13 И не предавајте му ги деловите на своето тело на гревот,+ за да бидат оружје на неправдата,+ туку предајте му се себеси на Бог, како оживеани+ од мртвите, и деловите на своето тело предајте му ги на Бог, за да бидат оружје+ на правдата.
14 Зашто, гревот не смее да владее над вас, бидејќи не сте под закон,+ туку под незаслужена доброта.+
15 И што сега? Зар да грешиме затоа што не сме под закон,+ туку под незаслужена доброта?+ Никако!
16 Не знаете ли дека, ако му се предавате некому во ропство и се обврзувате на послушност, робови сте му на оној кого го слушате+ — било на гревот,+ кој води во смрт,+ било на послушноста,+ која води во праведност?+
17 Но благодарен сум му на Бог што вие, иако му бевте робови на гревот, од срце ѝ станавте послушни на онаа поука на која ѝ бевте предадени.+
18 Да, поради тоа што сте ослободени+ од гревот, станавте робови+ на праведноста.+
19 Поради слабоста на вашето тело,+ ви зборувам со зборови што можат да ги разберат луѓе: како што деловите на своето тело+ им ги предадовте за робови на нечистотијата+ и на беззаконието, што води во беззаконие, така сега деловите на своето тело дајте ѝ ги за робови на праведноста, што води во светост.+
20 Зашто, кога бевте робови на гревот,+ бевте слободни од праведноста.
21 Според тоа, каков плод+ донесувавте тогаш? Плод од којшто сега се срамите.+ Зашто, конечниот исход на тоа е смртта.+
22 Но сега, кога сте ослободени од гревот и станавте робови Божји,+ плодот+ што го донесувате е светоста, која води во вечен живот.+
23 Зашто, платата за гревот е смрт,+ а дарот+ што го дава Бог е вечен живот+ преку Христос Исус, нашиот Господар.*+