Рут 2:1-23

2  А Ноемина имаше роднина+ по мажот, многу богат+ човек од семејството на Елимелех. Се викаше Вооз.+  Еден ден, Моавката Рут ѝ рече на Ноемина: „Те молам, пушти ме да одам во полето и да доприбирам+ класје по оној во чии очи ќе најдам милост“. А таа ѝ рече: „Оди, ќерко“.  Тогаш таа отиде и влезе во една нива, па почна да доприбира зад жетварите.+ А дојде на нивата што му припаѓаше на Вооз,+ кој беше од семејството на Елимелех.+  И ете, Вооз дојде од Витлеем и им рече на жетварите: „Јехова да е со вас!“+ А тие му одговорија: „Јехова да те благослови!“+  Тогаш Вооз+ му рече на момчето што беше поставено над жетварите: „Чија е онаа млада жена?“  А момчето што беше поставен над жетварите одговори: „Таа е младата Моавка+ што се врати со Ноемина од моавската земја.+  Таа ни рече: ‚Ве молам, дозволете ми да доприбирам.+ Ќе ги собирам ожнеаните класје што ќе останат зад жетварите‘. Потоа отиде и, ете, на нозе е од утрото до пред малку, кога само накратко седна да се одмори“.+  Подоцна Вооз ѝ рече на Рут: „Слушај, ќерко. Не оди да доприбираш на друга нива,+ немој да си одиш одовде, туку држи се близу до моите девојки.+  Види на која нива жнеат тие, па оди по нив. Им заповедав на момците да не те гибаат.+ Кога ќе ожедниш, оди кај садовите и пиј од она што ќе го нацрпат момците“.+ 10  Таа тогаш падна ничкум, поклонувајќи се доземи,+ па му рече: „Со што се здобив со милост во твои очи, па ми обрнуваш внимание, иако сум туѓинка?“+ 11  А Вооз ѝ одговори и рече: „Чув+ за сѐ што си направила за својата свекрва откако ти умрел мажот,+ и како си ги оставила татко ти и мајка ти и земјата на твоите роднини, па си дошла кај народ кој порано не си го познавала.+ 12  Јехова нека ги награди твоите дела+ и Јехова, Богот на Израел, под чии крилја си дошла да побараш засолниште,+ нека ти даде целосна плата!“+ 13  А таа рече: „Дозволи ми да останам во твојата милост, господару, зашто ти ме утеши и зашто со своите зборови ја смири својата слугинка,+ иако не сум како една од твоите слугинки“.+ 14  Кога беше време за јадење, Вооз ѝ рече: „Дојди ваму, јади од лебот+ и макај со својот залак од оцетот“. И таа седна покрај жетварите, а тој ѝ подаде пржени зрна,+ па таа јадеше и се насити, и уште ѝ остана. 15  Потоа стана да доприбира.+ А Вооз им заповеда на своите момци: „Пуштете ја да доприбира и меѓу ожнеаните класје и не вознемирувајте ја,+ 16  туку испуштајте класје дури и од снопчињата и оставајте ги зад себе за да ги доприбира,+ и немојте да ѝ приговарате“. 17  И така таа доприбираше на нивата до вечерта.+ Потоа го исчука+ она што го имаше насобрано, и беше околу една ефа*+ јачмен. 18  Тогаш го зеде тоа и отиде во градот, и свекрва ѝ виде колку насобрала. Ја извади и храната што ѝ остана+ откако се беше најала, и ѝ ја даде. 19  А свекрвата ѝ рече: „Каде доприбираше денес и каде работеше? Нека биде благословен оној што погледнал на тебе!“+ И таа ѝ раскажа на свекрва си кај кого работела: „Човекот кај кого работев денес се вика Вооз“. 20  Тогаш Ноемина ѝ рече на својата снаа: „Нека го благослови Јехова,+ кој не ги лиши од својата добрина*+ ниту живите ниту мртвите!“+ И Ноемина уште ѝ рече: „Тој човек ни е роднина.+ Тој е еден од нашите откупители“.+ 21  Тогаш Моавката Рут додаде: „Уште ми рече: ‚Држи се близу до моите луѓе додека не ја завршат целата моја жетва‘ “.+ 22  А Ноемина+ ѝ рече на својата снаа Рут:+ „Подобро е, ќерко моја, да одиш со неговите девојки за да не те вознемируваат на некоја друга нива“.+ 23  И така таа се држеше за девојките на Вооз и доприбираше додека не заврши и жетвата на јачменот+ и жетвата на пченицата. А живееше со својата свекрва.+

Фусноти

Една ефа е 22 литри. Види го додатокот 13.
Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.