Рут 3:1-18

3  Тогаш Ноемина, нејзината свекрва, ѝ рече: „Ќерко, не треба ли да ти побарам мирен дом+ за да ти биде добро?  Еве, не е ли Вооз, со чии девојки беше, наш роднина?+ Ете, тој вечерва вее+ јачмен на гумното.  Измиј се, намачкај се со масло+ и облечи си ја облеката,+ па оди на гумното. Но, гледај да не те види додека не заврши со јадењето и со пиењето.  А кога ќе си легне, види каде ќе легне. Тогаш оди, откриј му ги нозете и легни, а тој ќе ти каже што треба да правиш“.  А таа ѝ одговори: „Ќе направам сѐ како што ми велиш“.  Па отиде на гумното и направи сѐ како што ѝ заповеда нејзината свекрва.  Во меѓувреме Вооз се најаде и се напи, и срцето му беше весело.+ Тогаш отиде до крајот на купот жито, и таму легна. А таа крадешкум дојде, му ги откри нозете и легна.  И околу полноќ, човекот се сепна од сонот,* па се наведна напред и виде жена како лежи кај неговите нозе.  „Која си ти?“ — праша тој, а таа му одговори: „Јас сум Рут, твојата робинка. Рашири го скутот над својата робинка, зашто ти си откупител“.+ 10  Тогаш тој рече: „Јехова да те благослови,+ ќерко! Добротата*+ што ја покажуваш сега е подобра од онаа првата,+ зашто не отиде да бараш млади мажи, било да се сиромашни било да се богати. 11  А сега, ќерко, не плаши се! Ќе направам за тебе сѐ што ќе кажеш,+ зашто секој во мојот град* знае дека си примерна жена.+ 12  Иако е точно дека сум ти откупител,+ постои откупител што е во уште поблиско сродство од мене.+ 13  Остани ноќеска овде, па ако те откупи+ тој утре наутро, добро, нека те откупи. Но, ако не сака да те откупи, тогаш, како што е жив Јехова,+ јас ќе те откупам! Лежи тука до утрото“. 14  И таа лежеше крај неговите нозе до утрото, па стана уште пред да може да се распознае кој е кој. А тој рече: „Гледај да не се дознае дека жена доаѓала на гумното“.+ 15  Уште додаде: „Дај ја наметката што ја носиш и држи ја раширена“. И таа ја држеше раширена, а тој ѝ измери шест мери* јачмен и го стави на неа. Потоа тој отиде во градот. 16  Кога дојде кај својата свекрва, таа ја праша: „Дали си тоа ти,* ќерко моја?“ А таа ѝ раскажа за сето она што оној човек го направи за неа. 17  И уште рече: „Ми ги даде овие шест мери јачмен и ми рече: ‚Немој да одиш кај свекрва ти со празни раце!‘ “+ 18  Тогаш таа ѝ рече: „Чекај мирно, ќерко, додека не дознаеш како ќе испадне работата, зашто тој човек нема да се смири додека не ја заврши таа работа уште денес“.+

Фусноти

Или: „човекот почна да се тресе“.
Или: „Лојалната љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Буквално: „на портите на мојот народ“.
Според рабински извори, станувало збор за шест сеи или 44 литри, зашто повеќе од тоа веројатно не би можела да носи на главата. Види го додатокот 13.
Буквално: „Која си“.