Рут 4:1-22

4  А Вооз излезе на градската порта+ и седна таму. И ете, кога наиде оној откупител, за кого зборуваше Вооз,+ тој го викна: „Човеку,* дојди овде и седни!“ И тој дојде и седна.  Потоа зеде десет луѓе од градските старешини+ и рече: „Седнете овде“. И тие седнаа.  Тогаш му рече на откупителот:+ „Ноемина, која се врати од моавската земја,+ мора да ја продаде нивата што му припаѓаше на нашиот брат Елимелех.+  Мислев дека треба да ти јавам и да ти кажам: ‚Купи ја+ пред жителите и пред старешините на мојот народ.+ Ако сакаш да ја откупиш, откупи ја; ако не сакаш да ја откупиш, кажи ми да знам, зашто пред тебе никој нема право на откуп,+ а по тебе сум јас‘ “. А тој одговори: „Јас ќе ја откупам“.+  Тогаш Вооз рече: „Во оној ден кога ќе ја купиш нивата од рацете на Ноемина, ќе ја купиш и од рацете на Моавката Рут, жената на умрениот, за да го подигнеш името на умрениот врз неговото наследство“.+  Тогаш откупителот рече: „Не можам да ја откупам за да не си го упропастам своето наследство. Ти откупи ја за себе со моето право на откуп, бидејќи јас не можам да ја откупам“.  А во старо време во Израел, кога се откупуваше и разменуваше нешто, беше обичај тоа да се потврди вака: човек мораше да ја собуе сандалата+ и да му ја даде на ближниот. Тоа служеше како потврда во Израел.  И така, кога откупителот му рече на Вооз: „Ти купи ја за себе“, ја собу сандалата.+  Тогаш Вооз им рече на старешините и на сите луѓе: „Вие сте денес сведоци+ дека го купувам од раката на Ноемина сето она што му припаѓаше на Елимелех и сето она што им припаѓаше на Хелеон и Малон. 10  Исто така ја купувам за себе Моавката Рут, жената на Малон, за да го подигнам името на умрениот+ врз неговото наследство за да не му се затре името меѓу неговите браќа и да не исчезне од портата на неговото место. Вие сте денес сведоци“.+ 11  Тогаш сиот народ што беше при градската порта и старешините рекоа: „Сведоци сме! Јехова нека даде жената, која доаѓа во твојата куќа, да биде како Рахела+ и како Лија,+ кои го подигнаа домот на Израел.+ Докажи ја својата чесност во Ефрата+ и стекни си славно име во Витлеем.+ 12  И твојот дом, од потомството што ќе ти го даде Јехова од оваа млада жена,+ нека стане како домот на Фарес, кого Тамара му го роди на Јуда“.+ 13  Така Вооз ја зеде Рут, и таа му стана жена, па легна со неа. А Јехова ѝ даде да забремени,+ па роди син. 14  Тогаш жените ѝ велеа+ на Ноемина: „Нека е благословен Јехова,+ кој денес не те остави без откупител, нека се објави неговото име во Израел! 15  Тој син ќе биде поткрепа за твојата душа и ќе се грижи за тебе кога ќе остариш,+ зашто го роди твојата снаа, која те сака+ и која ти е подобра од седум синови“.+ 16  И Ноемина го зеде детето в прегратка и му стана негувателка. 17  А сосетките+ му дадоа име, велејќи: „На Ноемина ѝ се роди син!“ И го нарекоа Овид.+ Тој му е татко на Јесеј,+ Давидовиот татко. 18  А ова се поколенијата на Фарес:+ на Фарес му се роди Есром,+ 19   на Есром му се роди Арам, на Арам+ му се роди Аминадав, 20   на Аминадав+ му се роди Насон,+ на Насон му се роди Салмон, 21  а на Салмон+ му се роди Вооз, на Вооз+ му се роди Овид, 22  на Овид му се роди Јесеј,+ а на Јесеј, пак, му се роди Давид.+

Фусноти

Или: „Ти, тој и тој“.