Судиите 1:1-36

1  По смртта+ на Исус Навин, синовите на Израел го прашаа+ Јехова: „Кој од нас ќе тргне прв против Ханаанците за да се бори со нив?“  А Јехова одговори: „Нека тргне Јуда!+ Еве, ја предавам земјата во негови раце!“  Тогаш Јуда му рече на својот брат Симеон: „Дојди со мене во земјата што ми е одредена со ждрепка+ за да се бориме против Ханаанците, а потоа јас ќе појдам со тебе во земјата што тебе ти е одредена со ждрепка“.+ И Симеон појде со него.+  Така синовите на Јуда тргнаа, а Јехова ги предаде Ханаанците и Ферезејците во нивни раце,+ така што во Везек убија десет илјади луѓе.  Имено, во Везек го најдоа Адони-Везек, се бореа против него и ги поразија Ханаанците+ и Ферезејците.+  Кога побегна Адони-Везек, тргнаа во потера по него, го фатија и му ги отсекоа палците на рацете и на нозете.  Тогаш Адони-Везек рече: „Седумдесет цареви со отсечени палци на рацете и на нозете собираа храна под мојата трпеза. Како што правев јас, така Бог ми враќа“.+ И го одведоа во Ерусалим,+ каде што и умре.  Синовите на Јуда завојуваа и против Ерусалим+ и го освоија. И ги убија неговите жители со сечилото на мечот, а градот го изгореа со оган.  Потоа синовите на Јуда отидоа да се борат против Ханаанците што живееја во планините, во Негев+ и во Шефела.+ 10  И Јуда тргна против Ханаанците што живееја во Хеврон+ (Хеврон порано се викаше Киријат-Арва),+ и ги убија Сесај, Ахиман и Талмај.+ 11  Оттаму тргнаа против жителите на Девир.+ (А Девир порано се викаше Киријат-Сефер.)+ 12  Тогаш Халев+ рече: „На оној што ќе го нападне Киријат-Сефер и ќе го освои ќе му ја дадам за жена+ својата ќерка Ахса“.+ 13  И го освои Готонил,+ синот на Кенез,+ помладиот брат на Халев.+ Затоа тој му ја даде за жена својата ќерка Ахса.+ 14  А кога тргнуваше во својот дом, таа го наговараше својот маж да побара нива од нејзиниот татко. И додека седеше на магарето, плесна со рацете за да го викне својот татко Халев.+ Тогаш тој ја праша: „Што сакаш?“ 15  Таа му одговори: „Дај ми благослов!+ Кога веќе ми даде земја на југ, дај ми го и Голат-Маим!“ И Халев ѝ ги даде Горни Голат+ и Долни Голат. 16  А синовите на Кенеецот,+ тестот на Мојсеј,+ заминаа од градот на палмите+ заедно со синовите на Јуда и отидоа во Јудејската Пустина, која е јужно од Арад.+ Дојдоа и се населија кај тој народ.+ 17  А Јуда тргна понатаму со својот брат Симеон, па ги нападнаа Ханаанците што живееја во Сефат и го уништија* градот.+ Затоа градот го доби името Хорма.*+ 18  Потоа Јуда ги освои Газа+ со нејзиното подрачје, Аскалон+ со неговото подрачје и Екрон+ со неговото подрачје. 19  И Јехова беше со Јуда, така што овој ги освои планините, но не можеше да ги истера жителите на долината, зашто тие имаа бојни коли+ со железни сечила.+ 20  Кога му го дадоа Хеврон, како што вети Мојсеј,+ Халев ги истера оттаму трите сина на Енак.+ 21  А синовите на Венијамин не ги истераа Евусејците што живееја во Ерусалим.+ Затоа Евусејците живеат во Ерусалим со синовите на Венијамин до ден-денес.+ 22  И домот на Јосиф+ тргна против Ветил,+ и Јехова беше со нив.+ 23  Кога домот на Јосиф почна да го извидува+ Ветил (градот порано се викаше Луз),+ 24  извидувачите видоа еден човек како излегува од градот. И му рекоа: „Покажи ни како да влеземе во градот, па ќе бидеме милостиви* кон тебе!“+ 25  И човекот им покажа каде можат да влезат во градот. Тие ги убија со сечилото на мечот жителите на градот,+ но оној човек со неговото семејство го пуштија.+ 26  И човекот отиде во хетејската земја,+ изгради град и му го даде името Луз. Така се вика до ден-денес. 27  А Манасија+ не ги зазеде Вет-Син+ и околните градови, ниту Танах+ и околните градови, и не ги истера жителите на Дор+ и на околните градови, ниту жителите на Ивлеам+ и на околните градови, ниту жителите на Мегидо+ и на околните градови, туку Ханаанците се спротивставија и останаа да живеат во таа земја.+ 28  А Израел стана силен+ и ги принуди Ханаанците на ропска работа,+ но не успеа да ги истера потполно.+ 29  Ни Ефрем не ги истера Ханаанците што живееја во Гезер, туку Ханаанците останаа да живеат меѓу нив во Гезер.+ 30  Завулон+ не ги истера жителите на Китрон, ниту жителите на Налол,+ туку Ханаанците останаа да живеат меѓу нив,+ но им беше наметната ропска работа.+ 31  Асер+ не ги истера жителите на Акон,* ниту жителите на Сидон,+ ни на Ахлав, ни на Ахзив,+ ни на Хелва, ни на Афик,+ ни на Рехов.+ 32  И така Асеровото племе живееше меѓу Ханаанците, кои останаа во таа земја, бидејќи нив не ги истераа.+ 33  Нефталим+ не ги истера жителите на Вет-Семес, ни жителите на Вет-Анат,+ туку останаа да живеат меѓу Ханаанците во таа земја.+ И ги принудија на ропска работа+ жителите на Вет-Семес и на Вет-Анат. 34  А Аморејците ги потиснуваа синовите на Дан+ во планините и не им дозволија да слезат во долината.+ 35  Така Аморејците се спротивставија и останаа да живеат на планината Херес, во Ајалон+ и во Салвим.+ Но кога се зацврсти раката на Јосифовиот дом, им наметнаа на Аморејците принудна работа.+ 36  Подрачјето на Аморејците се протегаше од угорништето Акравим,+ од Села нагоре.

Фусноти

„Хорма“ значи „уништување“.
Или: „го уништија како херем“. Види ја фуснотата за 2Мо 22:20.
Или: „па ќе покажеме лојална љубов кон тебе“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Акон подоцна е наречен Птолемаида. Види Де 21:7.