Судиите 13:1-25

13  Синовите на Израел пак го правеа она што е зло во Јеховини очи,+ така што Јехова ги предаде во рацете на Филистејците+ за четириесет години.  А имаше еден човек од Сора,+ од племето на Дан,+ по име Маној.+ Жена му беше неротка, па немаше деца.+  По некое време, на жената ѝ се појави Јеховин ангел+ и ѝ рече: „Еве, ти си неротка и немаш деца. Но ќе забремениш и ќе родиш син.+  Затоа, те молам, отсега внимавај на себеси! Немој да пиеш вино ни опоен пијалак+ и немој да јадеш ништо нечисто.+  Зашто, еве, ќе забремениш и ќе родиш син. Брич нека не помине преку неговата глава,+ зашто детето ќе биде Божји назареец+ од мајчината утроба.+ И тој ќе предводи во избавувањето на Израел од рацете на Филистејците“.+  Тогаш жената дојде и му кажа на својот маж: „Божји човек дојде кај мене. Изгледаше како ангел на вистинскиот Бог,+ многу застрашувачки.+ Не го прашав од каде е, а и тој не ми го кажа своето име.+  Но ми рече: ‚Еве, ќе забремениш и ќе родиш син.+ Затоа сега немој да пиеш вино, ни опоен пијалак, и немој да јадеш ништо нечисто, зашто детето ќе биде Божји назареец од мајчината утроба до денот на својата смрт‘ “.+  И Маној сесрдно му се помоли на Јехова: „Прости, Јехова.+ Те молам, пак нека дојде кај нас Божјиот човек, кого си го испратил, и нека нѐ поучи+ што треба да правиме со детето што ќе се роди“.+  И вистинскиот Бог го послуша гласот на Маној.+ Ангелот на вистинскиот Бог пак дојде кај жената додека таа седеше во полето, а Маној, нејзиниот маж, не беше со неа. 10  Жената бргу отрча и му рече на својот маж:+ „Еве, пак ми се појави човекот што дојде кај мене пред некој ден“.+ 11  Тогаш Маној стана и тргна со својата жена и, кога дојде до човекот, го праша: „Ти ли си човекот што разговарал со оваа жена?“+ А тој одговори: „Јас сум“. 12  Тогаш Маној рече: „Нека се исполнат твоите зборови! Како ќе живее детето и што ќе прави?“+ 13  А Јеховиниот ангел му рече на Маној: „Жената нека се чува од сѐ што ѝ реков.+ 14  Нека не јаде ништо што доаѓа од виновата лоза, нека не пие вино ни опоен пијалак+ и нека не јаде ништо нечисто.+ Нека држи сѐ што ѝ заповедав“.+ 15  Маној тогаш му рече на Јеховиниот ангел: „Дозволи ни да те задржиме и да ти зготвиме јаре“.+ 16  Но Јеховиниот ангел му рече на Маној: „И да ме задржиш, нема да јадам од твоето јадење. Но, ако сакаш да му принесеш на Јехова жртва паленица,+ можеш да ја жртвуваш“. А Маној не знаеше дека тоа е Јеховин ангел. 17  Тогаш Маној му рече на Јеховиниот ангел: „Како ти е името?+ Сакаме да ти укажеме чест кога ќе се исполнат твоите зборови“. 18  Но Јеховиниот ангел му рече: „Зошто прашуваш за моето име кога тоа е чудесно?“ 19  И Маној ги зеде јарето и житната жртва, па му ги принесе на Јехова врз камен.+ И Бог направи чудо, а Маној и неговата жена го гледаа тоа. 20  Кога пламенот се подигна од жртвеникот кон небото, се крена и Јеховиниот ангел во тој пламен од жртвеникот. Штом го видоа тоа,+ Маној и неговата жена паднаа ничкум на земја.+ 21  И Јеховиниот ангел повеќе не им се јави на Маној и на неговата жена. Тогаш Маној сфати дека тоа беше Јеховин ангел.+ 22  И Маној ѝ рече на својата жена: „Бездруго ќе умреме,+ зашто го видовме Бог“.+ 23  А жената му одговори: „Да сакаше Јехова да нѐ усмрти, немаше да ги прифати од наши раце жртвата паленица и житната жртва+ и немаше да ни го покаже сето ова, ниту ќе дозволеше да чуеме такво нешто“.+ 24  И жената роди син и му го даде името Самсон.+ И детето растеше, а Јехова го благословуваше.+ 25  По некое време, Јеховиниот дух+ почна да дејствува врз него во Махане-Дан,+ меѓу Сора+ и Естаол.+

Фусноти