Судиите 14:1-20

14  И Самсон отиде во Темна.+ Во Темна виде една жена меѓу филистејските ќерки.  Кога се врати, им рече на татка си и на мајка си: „Видов една жена во Темна меѓу филистејските ќерки. Оженете ме со неа!“+  А татко му и мајка му му рекоа: „Зар нема жена меѓу ќерките на твоите браќа и во сиот мој народ,+ па мораш да земеш жена од необрежаните Филистејци?“+ Но Самсон му рече на татка си: „Ожени ме со неа, зашто таа е жена за мене!“  А татко му и мајка му не знаеја дека тоа е од Јехова+ и дека тој бара можност да влезе во судир со Филистејците, зашто во тоа време Филистејците владееја над Израел.+  Така Самсон отиде со татка си и мајка си во Темна.+ Кога дојде до лозјата на Темна, гледај, пред него излезе разрикан млад лав.  Тогаш Јеховиниот дух слезе врз него+ и тој со голи раце го растргна лавот како да растргнува јаре. Но, не им кажа на татка си и на мајка си што направи.  Потоа Самсон продолжи по патот и разговараше со таа жена. И тој сѐ уште сметаше дека таа е жената за него.+  По некое време тој се врати за да ја одведе дома.+ По патот наврати да го види мртвиот лав, и гледај, во мртвиот лав имаше рој пчели и мед.+  И зеде од медот со рацете и, одејќи понатаму, го јадеше патем.+ Кога дојде пак кај татка си и мајка си, им даде и ним, па и тие јадеа. Но не им кажа дека медот го извади од мртвиот лав. 10  Потоа татко му отиде кај таа жена, и Самсон таму приреди гозба,+ зашто така правеа младите мажи. 11  Кога го видоа, луѓето избраа триесет свадбени придружници да бидат со него. 12  А Самсон им рече: „Ајде да ви кажам една загатка.+ Ако во текот на седумте дена+ на гозбата ми кажете за што станува збор и ако ми ја одгатнете, ќе ви дадам триесет долни и триесет горни облеки.+ 13  Но, ако не можете да ја одгатнете, тогаш вие мене ќе ми дадете триесет долни и триесет горни облеки“. Тогаш му рекоа: „Кажи ни ја загатката да ја чуеме“. 14  И тој им рече:„Од оној што јаде+ излезе јадење,и од силниот излезе слатко“.+ Три дена не можеа да ја одгатнат загатката. 15  А на четвртиот ден ѝ рекоа на Самсоновата жена: „Со измама извлечи го решението на загатката од својот маж,+ инаку ќе те изгориме и тебе и домот на твојот татко!+ Зар нѐ викнавте овде за да ни го земете имотот?“+ 16  Тогаш жена му на Самсон почна да плаче пред него+ и да вели: „Ти ме мразиш и не ме сакаш!+ Им зададе загатка на синовите на мојот народ,+ а мене не ми ја одгатнуваш“. Тогаш тој ѝ рече: „Гледај, ни на татко ми и мајка ми не им ја одгатнав,+ па зар тебе да ти ја одгатнам?“ 17  Но, таа плачеше пред него седум дена, колку што траеше нивната гозба. На седмиот ден конечно ѝ кажа, зашто навалуваше на него.+ А таа им ја одгатна загатката на синовите на својот народ.+ 18  На седмиот ден, пред да влезе во нејзината соба,+ луѓето од тој град му рекоа:„Што е послатко од медот,и што е посилно од лавот?“+А тој им одговори:„Да не оравте со мојата јуница,+немаше да ја одгатнете загатката“.+ 19  И Јеховиниот дух дојде врз него+ и тој отиде во Аскалон,+ уби триесет нивни луѓе, ја зеде облеката што ја соблече од нив и им ја даде на оние што ја одгатнаа загатката.+ Многу се разгневи и отиде во куќата на својот татко. 20  А жената на Самсон+ ја доби еден од неговите свадбени придружници.+

Фусноти