Судиите 17:1-13

17  Во ефремските планини+ живееше еден човек, кој се викаше Миха.  Еднаш на својата мајка ѝ рече: „Тие илјада и сто сребреници што ти беа украдени и поради кои изрече клетва,+ така што и јас ја чув, еве, тоа сребро е кај мене. Јас го зедов“.+ Тогаш мајка му му рече: „Јехова нека го благослови мојот син!“+  Тогаш ѝ ги врати на мајка си тие илјада и сто сребреници,+ а мајка му рече: „На Јехова ќе му го посветам среброто од својата рака за својот син, за да се направи режан лик+ и излеана статуа.+ Затоа сега ти го враќам“.  Тој ѝ го врати среброто на мајка си, а таа зеде двесте сребреници и му ги даде на сребрарот.+ И тој направи режан лик+ и излеана статуа,+ кои стоеја во куќата на Миха.  А тој Миха имаше куќа за богови.+ И направи свештенички ефод+ и домашни идоли,+ а еден од своите синови го овласти*+ да му служи како свештеник.+  Во тоа време немаше цар во Израел.+ Секој го правеше она што сметаше дека е исправно.+  А имаше еден млад човек од Витлеем+ во Јуда, левит+ кој некое време живееше во племето на Јуда.  Тој човек замина од градот Витлеем во Јуда за да најде место каде што ќе живее некое време. Така на својот пат дојде во ефремските планини до куќата на Миха.+  А Миха го праша: „Од каде доаѓаш?“ Тој му одговори: „Јас сум левит од Витлеем во Јуда и патувам за да најдам место каде што ќе живеам некое време“. 10  А Миха му рече: „Остани кај мене и биди ми татко+ и свештеник,+ а јас ќе ти давам по десет сребреници годишно, како и свештеничка облека и храна!“ И левитот влезе кај него. 11  Така левитот реши да остане кај него, и тој младич му беше како еден од неговите синови. 12  Потоа Миха го овласти+ левитот да му служи како свештеник.+ И младичот живееше во куќата на Миха. 13  А Миха рече: „Сега знам дека Јехова ќе ми направи добро, зашто имам левит за свештеник“.+

Фусноти

Буквално: „[му] ја наполни раката“. Види ја фуснотата за 2Мо 28:41.