Судиите 19:1-30

19  Во она време, кога уште немаше цар во Израел,+ еден левит живееше длабоко во ефремските планини.+ Тој зеде за наложница*+ жена од Витлеем+ во Јуда.  А неговата наложница му беше неверна.+ На крајот си замина откај него и отиде во домот на својот татко во Витлеем во Јуда и таму остана цели четири месеци.  Тогаш нејзиниот маж стана и отиде по неа за да разговара со неа љубезно и да ја врати. Со себе го поведе својот слуга+ и две магариња. И таа го внесе во куќата на својот татко. Кога го здогледа, таткото на младата жена се израдува што го виде.  И неговиот тест, таткото на младата жена, го задржа, така што остана кај него три дена. Јадеа и пиеја, и тој ноќеваше таму.+  А на четвртиот ден, кога по обичај станаа рано наутро, тој се готвеше да тргне. Но таткото на младата жена му рече на својот зет: „Поткрепи го своето срце со залак леб,+ па тогаш одете си“.  Така седнаа, па и двајцата јадеа и пиеја. Потоа таткото на младата жена му рече на човекот: „Ајде, те молам, ноќевај овде+ и нека ти се весели срцето!“+  А кога човекот стана да си оди, неговиот тест почна да го наговара да остане, па тој преноќева таму уште една ноќ.+  Кога на петтиот ден тој подрани за да тргне, таткото на младата жена му рече: „Те молам, поткрепи го своето срце“.+ И така се задржаа јадејќи заедно сѐ додека денот не приврши.  Тогаш човекот+ стана да си оди заедно со својата наложница+ и со својот слуга.+ Но неговиот тест, таткото на младата жена, му рече: „Гледај, денот привршува и почна да се стемнува. Те молам, ноќевајте овде.+ Еве, денот е при крај, ноќевај овде и срцето нека ти биде весело.+ А утре подранете, па појдете на пат и вратете се во својот шатор“. 10  Но човекот не сакаше да ноќева, туку стана, тргна на пат и дојде до пред Евус,+ односно Ерусалим.+ Со себе ги водеше двете оседлани магариња, наложницата и слугата. 11  Кога беа близу до Евус, беше веќе скоро мрак,+ па слугата му рече на својот господар: „Ајде да навратиме во овој евусејски+ град и да ноќеваме во него“. 12  Но господарот му рече: „Нема да навратиме во град на туѓинци,+ кои не се синови на Израел, туку ќе одиме до Гаваја“.+ 13  И уште му рече на својот слуга: „Да побрзаме за да стигнеме во некое од тие места, па да ноќеваме во Гаваја или во Рама“.+ 14  Така тргнаа понатаму и го продолжија патот, а сонцето почна да заоѓа кога дојдоа во близина на Венијаминова Гаваја. 15  И навратија таму за да преноќеваат во Гаваја. Влегоа во градот, па седнаа на градскиот плоштад, но никој не ги прими во својата куќа за да преноќеваат.+ 16  И гледај, еден старец вечерта се враќаше од работа во полето,+ а беше од ефремските планини+ и живееше во Гаваја. А жителите на тоа место беа од племето на Венијамин.+ 17  Кога ги подигна очите, го виде човекот, патникот, на градскиот плоштад. И старецот го праша: „Каде одиш и од каде доаѓаш?“+ 18  А тој му одговори: „На пат сме од Витлеем во Јуда и одиме длабоко во ефремските планини.+ Јас сум од таму, но отидов во Витлеем во Јуда.+ Сега се враќам во својот дом, но нема кој да ме прими во својата куќа.+ 19  А имам и слама и храна+ за магарињата, а и леб+ и вино за себе и за твојата робинка+ и за момокот+ што е со мене, твој слуга. Ништо не недостасува“. 20  Тогаш старецот рече: „Мир да имаш.+ Што и да ти недостасува, моја грижа е.+ Само немој да останеш преку ноќ на плоштадот“. 21  И го доведе во својата куќа+ и им фрли храна на магарињата.+ Потоа си ги измија нозете,+ па јадеа и пиеја. 22  Додека тие се веселеа,+ гледај, жителите од градот, ништожни луѓе,+ ја опколија куќата,+ туркајќи се на вратата. И му викаа на старецот, сопственикот на таа куќа: „Изведи го човекот што влезе во твојата куќа, за да имаме односи со него!“+ 23  Тогаш сопственикот на куќата излезе кај нив и им рече:+ „Не, браќа мои,+ не правете зло, ве молам, зашто тој човек влезе во мојава куќа. Не правете такво срамно и безумно дело.+ 24  Еве ги мојава ќерка девица и неговата наложница. Дозволете ми да ви ги изведам нив, па силувајте ги+ и правете им што сакате. Но, на овој човек не правете му такво срамно и безумно дело“. 25  Но, луѓето не сакаа да го слушаат. Тогаш оној човек ја зеде својата наложница+ и им ја изведе. Тие ја силуваа+ и ја злоупотребуваа+ цела ноќ до утрото, а кога почна да осамнува, ја пуштија. 26  И, кога почна да се разденува, жената дојде, падна пред вратата од куќата на тој човек, каде што беше нејзиниот господар,+ и остана да лежи додека не се раздени. 27  Нејзиниот господар стана изутрината, ја отвори куќната врата и излезе за да тргне по својот пат, и гледај, жената, неговата наложница,+ лежеше на влезот од куќата со рацете на прагот. 28  А тој ѝ рече: „Стани, да одиме!“ Но немаше одговор.+ Тогаш човекот ја стави на магарето и тргна на пат кон своето место.+ 29  Кога влезе во својата куќа, дофати нож, ја зеде својата наложница и ја расече на дванаесет парчиња,+ кои ги испрати по сите краишта на Израел.+ 30  И сите што го видоа тоа рекоа: „Такво нешто никогаш не се случило, ниту се видело од денот кога синовите на Израел излегоа од египетската земја до денес. Размислете за тоа, посоветувајте се+ и кажете што сте одлучиле“.

Фусноти

Види ја фуснотата за 1Мо 22:24.