1. Јованово 3:1-24
3 Видете каква љубов ни дал Таткото,+ да се наречеме деца Божји,+ а тоа и сме. Затоа светот не нѐ познава нас,+ бидејќи не го запознал него.+
2 Сакани, сега сме деца Божји,+ но уште не се покажало што ќе бидеме.+ Знаеме дека, кога тој ќе се покаже,+ ќе бидеме како него,+ бидејќи ќе го видиме токму таков каков што е.+
3 И секој што се надева на тоа од него, се чисти,+ како што и тој е чист.+
4 Секој што оди во грев,+ оди и во беззаконие,+ и затоа гревот+ е беззаконие.
5 Знаете дека и Синот дојде за да ги однесе нашите гревови,+ и во него нема грев.+
6 Секој што останува во единство со него,+ не оди во грев.+ Никој што оди во грев, не го видел, ниту го запознал.+
7 Дечиња, никој да не ве заведе! Кој оди во праведност, праведен е, како што е тој праведен.+
8 Кој оди во грев, потекнува од Ѓаволот, бидејќи Ѓаволот греши откако се побуни.*+ Затоа дојде Синот Божји,+ да ги уништи делата на Ѓаволот.+
9 Секој што се родил од Бог, не оди во грев,+ бидејќи Божјето семе останува во него, и тој не може да оди во грев, бидејќи е роден од Бог.+
10 Децата Божји и децата на Ѓаволот се познаваат по ова: секој што не оди во праведност,+ не потекнува од Бог, а така и оној што не го сака својот брат.+
11 Зашто, ова е пораката што сте ја чуле од почетокот:+ да се сакаме еден со друг.+
12 Да не бидеме како Каин, кој потекнуваше од Злобниот и го уби својот брат.+ А зошто го уби? Затоа што неговите дела беа зли,+ а делата на неговиот брат праведни.+
13 Не чудете се, браќа, што светот ве мрази.+
14 Ние знаеме дека сме преминале од смрт во живот,+ бидејќи ги сакаме браќата.+ Кој не го сака својот брат, останува во смртта.+
15 Секој што го мрази својот брат+ е убиец,+ а знаете дека во ниту еден убиец+ не останува вечниот живот.+
16 Љубовта ја спознавме+ по тоа што тој го даде својот живот* за нас.+ И ние сме должни да го дадеме својот живот за своите браќа.+
17 Но кој има добра од овој свет+ и гледа дека брат му е во немаштија,+ а сепак не се смилува кон него,+ како тогаш љубовта кон Бог останува во него?+
18 Дечиња, да не се сакаме+ ниту со зборови ниту со јазик,+ туку со дела+ и со вистина!+
19 По тоа ќе знаеме дека потекнуваме од вистината,+ и ќе го увериме своето срце дека тој нѐ сака,
20 ако тоа нѐ осудува за што и да било,+ бидејќи Бог е поголем од нашето срце и знае сѐ.+
21 Сакани, ако нашето срце не нѐ осудува, имаме слобода на говорот пред Бог,+
22 и што и да бараме, добиваме од него,+ бидејќи ги држиме неговите заповеди и го правиме она што е прифатливо во негови очи.+
23 А ова е негова заповед: да веруваме во името на неговиот Син, Исус Христос,+ и да се сакаме еден со друг,+ како што ни заповеда.
24 Оној што ги држи неговите заповеди, останува во единство со него, и тој во единство со таквиот.+ И по тоа знаеме дека тој останува во единство со нас:+ по духот+ што ни го даде.