1. Коринќаните 15:1-58
15 Ве потсетувам, браќа, на добрата вест+ што ви ја објавив,+ која ја прифативте и во која стоите.+
2 И преку таа добра вест,+ која ја чувте од мене, се спасувате ако се држите за неа. Инаку залудно сте станале верници.+
3 А една од најважните поуки што ги примив и ви ги предадов вам е оваа:+ Христос умре за нашите гревови, како што пишува во Писмата;+
4 беше погребан+ и воскресна+ на третиот ден,+ како што пишува во Писмата;+
5 му се појави на Кифа,+ а потоа на дванаесеттемина.+
6 Потоа им се појави на браќата, кои заедно беа повеќе од петстотини. Повеќето од нив се живи,+ а некои умреа.*
7 Потоа му се појави на Јаков,+ а потоа на сите апостоли.+
8 А по сите најпосле ми се појави и мене,+ што ми беше како предвреме да сум се родил.*
9 Зашто, јас сум најмал+ од апостолите и не сум достоен да се наречам апостол, бидејќи го прогонував+ Божјето собрание.
10 Но преку Божјата незаслужена доброта+ јас сум она што сум. И незаслужената доброта што ми ја покажа не беше залудна,+ туку се трудев повеќе од сите нив+ — но за тоа не сум заслужен јас, туку Божјата незаслужена доброта која е со мене.+
11 Значи, така проповедаме — дали јас или тие — и така поверувавте.+
12 А ако се проповеда дека Христос воскреснал од мртвите,+ како може некои меѓу вас да речат дека нема воскресение на мртвите?+
13 Зашто, ако навистина нема воскресение на мртвите, тогаш ни Христос не воскреснал.+
14 А ако Христос не воскреснал, нашето проповедање навистина е залудно и нашата вера е залудна.+
15 А тогаш сме и лажни Божји сведоци,+ зашто сведочевме+ против Бог дека го воскреснал Христос,+ кого не го воскреснал ако мртвите навистина не воскреснуваат.+
16 Зашто, ако мртвите не воскреснуваат, тогаш ни Христос не воскреснал.
17 А ако Христос не воскреснал, вашата вера е залудна — уште сте во своите гревови.+
18 Тогаш, пропаднале и оние што умреле во единство со Христос.+
19 Ако само во овој живот се надеваме на Христос,+ најмногу сме за жалење од сите луѓе.
20 Но факт е дека Христос воскреснал од мртвите,+ тој е првина+ од оние што умреле.+
21 А поради тоа што смртта+ дојде преку човек, и воскресението+ на мртвите доаѓа преку човек.
22 Зашто, како што во Адам сите умираат,+ така и во Христос сите ќе оживеат.+
23 Но секој по својот ред: Христос како првина,+ а потоа, за време на неговата присутност,* оние што се Христови.+
24 Потоа, на крајот, откако ќе ги уништи секоја влада и секоја власт и сила, ќе му го предаде царството на својот Бог и Татко.+
25 Зашто, тој треба да владее сѐ додека Бог не ги положи сите непријатели под неговите нозе.+
26 А како последен непријател ќе биде уништена смртта.+
27 Зашто, Бог „подложил сѐ под неговите нозе“.+ А кога вели дека ‚сѐ е подложено‘,+ јасно е дека е подложено сѐ, освен оној што му подложил сѐ.+
28 А кога ќе му биде подложено сѐ,+ тогаш и самиот Син ќе му се подложи на оној+ што му подложил сѐ, за Бог да им биде сѐ на сите.+
29 А ако не е така, тогаш на што можат да се надеваат оние кои се крштаваат за да бидат мртви?+ Ако мртвите навистина не воскреснуваат,+ зошто тогаш се крштаваат+ за да бидат мртви?
30 И зошто секој час ние се изложуваме на опасност?+
31 Секој ден се соочувам со смртта,+ браќа, исто како што се радувам+ поради вас во Христос Исус, нашиот Господар!*
32 Ако сум се борел со ѕверови во Ефес,+ како што го прават тоа луѓето, каква корист имам од тоа? Ако мртвите не воскреснуваат, „да јадеме и да пиеме, зашто утре ќе умреме“.+
33 Не залажувајте се! Лошото друштво ги расипува добрите навики.+
34 Отрезнете се,+ вршејќи го она што е право, и не грешете, зашто некои не го познаваат Бог.+ Ви го зборувам ова за да се посрамите.+
35 Но некој ќе праша: „Како ќе воскреснат мртвите? И какво тело ќе имаат?“+
36 Безумнику! Она што го сееш нема да оживее ако најпрвин не умре.+
37 И кога сееш, не сееш такво тело какво што ќе се појави, туку голо зрно,+ на пример, пченица или кое и да било друго зрно.
38 А Бог му дава тело+ какво што сака,+ и тоа на секое семе неговото тело.
39 Не е секое тело исто: поинакво е телото на човекот, а поинакво е телото на стоката, поинакво е, пак, телото на птиците, а поинакво на рибите.+
40 И има небесни тела+ и земни тела,+ но поинаква е славата+ на небесните, а поинаква е славата на земните.
41 Поинаква е славата на сонцето,+ поинаква е славата на месечината,+ а поинаква е славата на ѕвездите.+ А и ѕвезда од ѕвезда се разликува по славата.
42 Така е и со воскресението на мртвите.+ Се сее во распадливост, а се воскреснува во нераспадливост.+
43 Се сее во срам,+ а се воскреснува во слава.+ Се сее во слабост,+ а се воскреснува во сила.+
44 Се сее телесно* тело,+ а воскреснува духовно тело.+ Ако постои телесно тело, постои и духовно.
45 Така е и напишано: „Првиот човек, Адам, стана жива душа“.+ Последниот Адам стана дух+ кој дава живот.+
46 Но првото не е духовно, туку телесно, а потоа духовно.+
47 Првиот човек потекнува од земјата и направен е од земниот прав,+ а вториот човек потекнува од небото.+
48 Каков што е оној кој е направен од прав,+ такви се и другите кои се направени од прав, а каков што е оној кој е небесен,+ такви се и другите кои се небесни.+
49 И како што го носиме обликот+ од оној што е направен од прав, ќе го носиме и обликот+ на оној што е небесен.
50 Но ова ви го велам, браќа: телото и крвта не можат да го наследат Божјето царство,+ ниту распадливоста ја наследува нераспадливоста.+
51 Еве, ви кажувам света тајна: нема сите да умреме, но сите ќе се преобразиме,+
52 во еден момент, за миг, при звукот од последната труба. Зашто, трубата+ ќе затруби, и мртвите ќе воскреснат нераспадливи, и ние ќе се преобразиме.
53 Зашто, ова што е распадливо мора да се облече во нераспадливост,+ и ова што е смртно+ мора да се облече во бесмртност.
54 А кога ова што е распадливо ќе се облече во нераспадливост, и ова што е смртно ќе се облече во бесмртност, тогаш ќе се исполнат зборовите што се напишани: „Смртта+ е уништена* засекогаш“.+
55 „Смрт, каде е твојата победа? Смрт, каде е твоето осило?“+
56 Осилото+ кое предизвикува смрт е гревот, а силата на гревот лежи во Законот.+
57 Но му благодариме на Бог што ни ја дава победата преку нашиот Господар Исус Христос!+
58 Затоа, браќа мои сакани, бидете постојани,+ непоколебливи, секогаш зафатени во делото на Господарот,+ знаејќи дека вашиот труд во Господарот не е залуден.+
Фусноти
^ Глаголот „умре“ во стиховите 18, 20 и 51 на грчки буквално гласи: „заспие“.
^ Буквално: „мене, како недоносче“.
^ Грчки: паруси́а (парусија). Види го додатокот 7.
^ Види го додатокот 11.
^ Или: „физичко, материјално“.
^ Буквално: „проголтана“.