1. Коринќаните 16:1-24
16 А што се однесува до собирањето+ за светите,+ правете го и вие истото што им го одредив на собранијата во Галатија.+
2 Секој прв ден од седмицата, секој од вас во својата куќа нека става настрана и нека собира колку што може, за да не се собира кога јас ќе дојдам.
3 А кога ќе дојдам, ќе ги испратам оние што ќе ги препорачате со писма,+ да го однесат вашиот дар во Ерусалим.
4 А ако биде соодветно да појдам и јас, ќе дојдат со мене.
5 А кај вас ќе дојдам кога ќе поминам низ Македонија,* зашто ќе поминам низ Македонија.+
6 И кај вас можеби ќе се задржам, или дури и ќе презимам, за да ме испратите+ таму каде што ќе тргнам.
7 Зашто, не сакам овојпат да ве видам само на поминување, бидејќи се надевам дека ќе останам со вас некое време,+ ако дозволи Јехова.+
8 А во Ефес ќе останам+ до Педесетница,
9 зашто ми се отвори голема врата за работа,*+ но има многу противници.
10 А ако дојде Тимотеј,+ погрижете се да биде без страв кај вас, бидејќи тој го врши Јеховиното дело+ исто како мене.
11 Затоа, никој да не го потценува.+ Испратете го во мир да дојде кај мене, зашто го чекам со браќата.
12 А што се однесува до нашиот брат Аполо,+ многу го молев да дојде кај вас со браќата, но никако не му беше по волја да дојде сега. Ќе дојде кога ќе има можност.
13 Бдејте,+ бидете непоколебливи во верата,+ држете се машки,+ бидете јаки!+
14 Сѐ што правите, правете го со љубов!+
15 Знаете дека домашните на Стефан беа меѓу првите+ што станаа христијани* во Ахаја* и дека се посветија во служењето на светите.+ Затоа ве поттикнувам, браќа,
16 и вие да им бидете подложни на таквите и на секој што соработува и се труди.+
17 А се радувам што се овде* Стефан+ и Фортунат и Ахаик, бидејќи го надоместија тоа што вас ве нема.
18 Тие го закрепнаа моето срце*+ и вашето. Затоа, ценете ги таквите како нив!+
19 Ве поздравуваат собранијата од Азија.*+ Срдечно во Господарот* ве поздравуваат Акила и Приска заедно со собранието што се состанува во нивната куќа.+
20 Ве поздравуваат сите браќа. Поздравете се еден со друг со свет бакнеж.+
21 Јас, Павле, ви го пишувам овој поздрав со своја сопствена рака.+
22 Ако некој не го сака Господарот, проклет да е!+ Дојди, Господару наш!+
23 Незаслужената доброта на Господарот Исус нека биде со вас!
24 Мојата љубов е со сите вас во единство со Христос Исус!
Фусноти
^ Буквално: „зашто ми се отвори голема и делотворна врата“.
^ Буквално: „дека домашните на Стефан се првина на Ахаја“.
^ Буквално: „поради присутноста [грчки: паруси́а (парусија)] на Стефан и...“ Види го додатокот 7.
^ Буквално: „дух“.
^ Види го додатокот 11.