1. Коринќаните 8:1-13

8  А што се однесува до храната жртвувана на идоли,+ знаеме дека за тоа сите имаме знаење.+ Но знаењето го прави човек надуен, а љубовта изградува.+  Ако некој мисли дека знае нешто,+ уште не го знае тоа како што би требало да го знае.+  Но, ако некој го сака Бог,+ него Бог го познава.+  А што се однесува до јадењето+ храна жртвувана на идоли, знаеме дека идолот, всушност, не е ништо+ и дека постои само еден Бог.+  Имено, иако има такви што се нарекуваат „богови“,+ било на небото+ било на земјата,+ зашто има многу „богови“ и многу „господари“,+  за нас постои еден Бог,+ Таткото,+ кој создал сѐ и за кого ние живееме,+ и еден Господар,*+ Исус Христос,+ преку кого сѐ е создадено+ и преку кого ние живееме.  Но тоа не го знаат сите.+ Некои, кои досега беа навикнати на идоли, јадат храна како да е жртва на идолите,+ па така ја валкаат својата совест, бидејќи е слаба.+  Но храната нема да нѐ приближи до Бог+ — ниту нешто губиме ако не јадеме, ниту нешто добиваме ако јадеме.+  Туку, внимавајте ова ваше право да не стане камен за спрепнување на слабите.+ 10  Зашто, ако некој што е слаб те види тебе, кој имаш знаење, на трпеза* во идолски храм,* нема ли неговата совест да се осмели да јаде храна жртвувана на идоли?+ 11  Така, поради твоето знаење, пропаѓа оној што е слаб, твојот брат за кого Христос умре.+ 12  А кога така грешите против своите браќа и ја ранувате нивната слаба совест,+ грешите против Христос. 13  Затоа, ако храната го наведува мојот брат да се спрепне,+ никогаш повеќе нема да јадам месо, за да не се спрепне мојот брат поради мене.+

Фусноти

Види го додатокот 11.
Буквално: „како лежиш на трпеза“. Види ја фуснотата за Мт 9:10.
Спореди со Су 9:27.