1. Летописи 20:1-8

20  Во почетокот на следната година,+ во време кога царевите излегуваат во војна,+ Јоав ја поведе војската во бој+ и ја опустоши земјата на Амоновите синови. Дојде до Рава+ и почна да ја опсадува, а Давид остана во Ерусалим. Јоав ја освои Рава+ и ја разори.  Тогаш Давид ја симна од главата на Малхам* круната+ од злато и скапоцени камења тешка еден талант.* Круната ја ставија на главата на Давид. Давид однесе од градот многу голем плен.+  А народот што беше во него го изведе и го постави да работи+ со пили за камен, со остри железни алатки и со секири.+ Така направи во сите градови на Амоновите синови. На крајот Давид се врати со својата војска во Ерусалим.  Потоа избувна војна со Филистејците+ во Гезер.+ Тогаш Хусанецот Сивехај+ го уби Саф, Рефаимецот,+ и така беа покорени.  Кога повторно избувна војна со Филистејците, Елханан,+ синот на Јаир, го уби Лами, братот на Голијат+ од Гат, чие копје имаше дршка како ткајачко кросно.+  Потоа пак избувна војна во Гат,+ каде што имаше еден човек со необично крупна става,+ кој имаше по шест прсти на секоја рака и на секоја нога, вкупно дваесет и четири.+ И тој беше Рефаимец.*+  Кога почна да му се подбива+ на Израел, Јонатан, синот на Давидовиот брат Симеј,+ го уби.  Тие беа Рефаимци+ од Гат,+ а загинаа+ од раката на Давид и од рацете на неговите слуги.

Фусноти

Види ја фуснотата за 2Са 12:30.
Види го додатокот 13.
Спореди ја фуснотата за 2Са 21:16.