1. Летописи 24:1-31
24 Синовите на Арон беа поделени во групи. Синови на Арон беа: Надав,+ Авиуд,+ Елеазар+ и Итамар.+
2 Но Надав и Авиуд+ умреа пред својот татко+ и немаа синови, па Елеазар+ и Итамар служеа како свештеници.
3 Давид, заедно со Садок,+ од синовите на Елеазар, и со Ахимелех,+ од синовите на Итамар, ги подели во групи според нивните задолженија во службата.+
4 Но синовите на Елеазар имаа повеќе поглавари отколку синовите на Итамар. Затоа, така ги поделија што синовите на Елеазар имаа шеснаесет поглавари на своите родови, а синовите на Итамар осум поглавари на своите родови.
5 Потоа ги поделија со ждрепка,+ и едните и другите, зашто поглаварите што го надгледуваа светото место+ и поглаварите што му служеа на вистинскиот Бог требаше да бидат и од синовите на Елеазар и од синовите на Итамар.
6 Семаја, синот на Нетанел, писар,+ од синовите на Леви, ги попиша пред царот, пред кнезовите, пред свештеникот Садок,+ пред Ахимелех,+ синот на Авијатар,+ како и пред поглаварите на свештеничките и на левитските родови.+ Еден род беше избран од Елеазар,+ а потоа еден од Итамар.+
7 Првата ждрепка падна на Јехојарив,+ втората на Једај,
8 третата на Харим, четвртата на Сеорим,
9 петтата на Малхија, шестата на Мијамин,
10 седмата на Акос, осмата на Авија,+
11 деветтата на Исус, десеттата на Сеханија,
12 единаесеттата на Елијасив, дванаесеттата на Јаким,
13 тринаесеттата на Уфа, четиринаесеттата на Есевав,
14 петнаесеттата на Вилга, шеснаесеттата на Имер,
15 седумнаесеттата на Езир, осумнаесеттата на Афисис,
16 деветнаесеттата на Фетахија, дваесеттата на Језекил,
17 дваесет и првата на Јахин, дваесет и втората на Гамул,
18 дваесет и третата на Делаја и дваесет и четвртата на Маазија.
19 Така беа распоредени за служба,+ да доаѓаат во Јеховиниот дом според одредбата+ што им ја даде нивниот прататко Арон, како што му беше заповедал Јехова, Богот на Израел.
20 Од останатите синови на Леви беа: од синовите на Амрам+ — Суваил,+ од синовите на Суваил — Једеј,
21 потоа од Реавиј:+ од синовите на Реавиј — поглаварот Исиј,
22 од синовите на Исар+ — Селомот,+ од синовите на Селомот — Јаат,
23 потоа синовите на Хеврон:+ поглаварот Јерија,+ вториот Амарија, третиот Јазиел и четвртиот Јекамеам.
24 Од синовите на Узиел — Михеј,+ од синовите на Михеј — Семир.
25 Брат на Михеј беше Исиј, од синовите на Исиј — Захарија.
26 Синови на Мерариј+ беа: Махли+ и Муси,+ од синовите на Јазиј — Вено.
27 Синови на Мерариј: од Јазиј — Вено, Соам, Захур и Ивриј.
28 Од Махли — Елеазар, кој немаше синови.+
29 Од Кис: од синовите на Кис — Јерамеил.
30 Синови на Муси беа: Махли,+ Едер и Еримот.+
Тоа беа синовите на Леви според нивните родови.+
31 И тие фрлаа ждрепка+ како што го правеа тоа нивните браќа, синовите на Арон, пред цар Давид, пред Садок, пред Ахимелех и пред поглаварите на свештеничките и на левитските родови, и тоа еднакво поглаварите на големите родови како и нивните помлади браќа, поглаварите на помалите родови.+