1. Летописи 29:1-30

29  Потоа цар Давид ѝ рече на целата заедница:+ „Мојот син Соломон, кого Бог го избра,+ е млад+ и неискусен, а работата е голема, зашто тој дворец не е за човек,+ туку за Јехова Бог.  За домот на својот Бог подготвив+ колку што можев повеќе,+ злато+ за златните работи, сребро за сребрените, бакар за бакарните, железо+ за железните и дрво+ за дрвените, потоа камења оникс,+ камења што се врзуваат со малтер, разнобојни камења за составување украси,* секакви скапоцени камења и многу алабастер.  Од љубов+ кон домот на својот Бог го давам уште и своето сопствено+ злато и сребро за домот на својот Бог, покрај сето она што веќе го подготвив за овој свет дом:+  три илјади таланти злато, офирско злато,+ седум илјади таланти чисто сребро за да се обложат ѕидовите на просториите,  злато за златните работи, сребро за сребрените и за сите работи што ќе ги изработат вештите луѓе. Сака ли уште некој денес доброволно да му приложи со својата рака дар на Јехова?“+  И кнезовите+ на родовите,+ кнезовите на племињата на Израел,+ илјаданачалниците,+ стотниците+ и оние што ги надгледуваа царските работи+ приложуваа доброволно.  И за службата во домот на вистинскиот Бог дадоа пет илјади таланти* и десет илјади дарици* злато, десет илјади таланти сребро, осумнаесет илјади таланти бакар и сто илјади таланти железо.+  Сите што имаа скапоцени камења ги даваа во ризницата на Јеховиниот дом, под надзор на Јеил+ од синовите на Гирсон.+  И народот се радуваше што приложуваа доброволно, зашто му приложуваа на Јехова доброволно со цело срце.+ И цар Давид многу се радуваше.+ 10  Потоа Давид го благослови+ Јехова пред целата заедница+ и рече: „Благословен да си,+ о Јехова, Боже Израелов,+ татко наш, од век и до век! 11  Твои се, Јехова, величието+ и моќта+ и убавината+ и возвишеноста+ и честа,+ зашто твое е сѐ што е на небото и на земјата.+ Твое е царството,+ Јехова, ти си возвишен како поглавар на сите.+ 12  Од тебе се богатството+ и славата,+ ти владееш над сѐ.+ Во твоја рака се силата+ и моќта,+ во твоја рака е да возвишиш+ и да им дадеш сила на сите.+ 13  Затоа сега ти благодариме,+ Боже наш, и го фалиме+ твоето прекрасно+ име. 14  Зашто, кој сум јас+ и што е мојот народ за да можеме доброволно да ти го приложиме сето ова?+ Од тебе доаѓа сѐ+ и, откако го примивме од твоја рака, ти го дадовме тебе. 15  Ние сме пред тебе дојденци и доселеници+ како и сите наши прататковци. Нашите денови на земјата се како сенка,+ без надеж. 16  Јехова, Боже наш, сето ова изобилство што го подготвивме за да изградиме дом за твоето свето име доаѓа од твојата рака и сѐ е твое.+ 17  Знам, Боже мој, дека ти ги испитуваш срцата+ и дека ја сакаш справедливоста.+ Јас со справедливо срце доброволно го принесов сето ова и сега радосно гледам како твојот народ што се наоѓа овде ти принесува дарови доброволно. 18  О Јехова, Боже на нашите прататковци Авраам, Исак и Израел,+ зачувај ги довека таквите мисли и таквите желби во срцето на својот народ+ и насочи го неговото срце кон себе!+ 19  А на мојот син Соломон дај му срце кое ќе ти биде потполно оддадено+ тебе за да се држи за твоите заповеди,+ за твоите опомени,+ за твоите уредби+ и да изврши сѐ што треба и да го изгради тој дворец+ за кој подготвив сѐ!“+ 20  Тогаш Давид ѝ рече на целата заедница:+ „Благословувајте го+ сега Јехова, својот Бог!“ И целата заедница го благословуваше Јехова, Богот на своите прататковци, па се поклонија+ и паднаа ничкум+ пред Јехова и пред царот. 21  И утредента му принесуваа+ на Јехова жртви паленици,+ а му принесуваа на Јехова и други жртви: илјада јунци, илјада овни, илјада јагниња со нивните жртви налевници.+ Принесуваа многу жртви за целиот Израел.+ 22  Во тој ден јадеа и пиеја пред Јехова и се радуваа многу.+ И по втор пат го поставија за цар Соломон, синот на Давид,+ и го помазаа пред Јехова за водач,+ а Садок+ за свештеник. 23  И Соломон седна на Јеховиниот престол+ како цар на местото на својот татко Давид. Успешно+ царуваше, и сите Израелци му беа послушни. 24  Сите кнезови+ и јунаци+ и сите синови на цар Давид+ му се подложија на цар Соломон. 25  И Јехова многу го возвиши Соломон+ пред очите на сиот Израел и му даде таква царска чест каква што немаше порано ниту еден цар на Израел.+ 26  Така Давид, синот на Јесеј, владееше над целиот Израел.+ 27  Четириесет години владееше над Израел.+ Во Хеврон владееше седум години,+ а во Ерусалим владееше триесет и три години.+ 28  Умре во длабока старост,+ задоволен од животот, од богатството+ и од славата.+ Неговиот син Соломон почна да владее на негово место.+ 29  Историјата на цар Давид, од почетокот до крајот, запишана е во записите на јасновидецот*+ Самоил, во записите на пророкот Натан+ и во записите на јасновидецот* Гад.+ 30  Запишано е сѐ за неговото царување, за неговите потфати и за настаните+ што се случија во негово време во Израел и во сите земни царства.+

Фусноти

Или: „мозаици“.
Види го додатокот 13.
Персиски златници. Види го додатокот 13.
Хебрејски: харое.
Или: „на оној што гледа виденија“ (хебрејски: хакозе), односно на оној кому Бог му го открива во визија она што е непознато или лежи во иднината.