1. Летописи 4:1-43
4 Синови на Јуда се: Фарес,+ Есром,+ Харми,+ Ор+ и Совал.+
2 На Реај,+ синот на Совал, му се роди Јаат, а на Јаат му се родија Ахумај и Лад. Тоа се семејствата на Соратците.+
3 Ова се синовите на таткото на Етам+: Језраел,+ Есма, Едвас (нивната сестра се викаше Аселелфонија),
4 Фенуел, таткото на Гедор,+ и Есер, таткото на Хуса. Тоа се синовите на Ор,+ првородениот на Ефрата, таткото на Витлеем.+
5 Асхор,+ таткото на Текоја,+ имаше две жени, Хела и Нара.
6 Нара му ги роди: Ахузам, Офер, Темани и Ахастар. Тоа се синовите на Нара.
7 Синови на Хела се: Зарет, Исар и Етан.
8 На Коз му се родија Анув, Совив и семејствата на Ахарил, синот на Арум.
9 Јавиз+ беше поугледен+ од своите браќа. Мајка му му го даде името Јавиз, велејќи: „Го родив со болки“.+
10 И Јавиз го повика Богот+ на Израел, велејќи: „Барем да ме благословеше+ и да го проширеше моето подрачје,+ раката твоја да беше со мене+ и да ме зачуваше од зло+ за да не ми наштети...“+ И Бог ја услиши неговата молитва.+
11 На Хелув, братот на Шуха, му се роди Мехир, кој е татко на Естон.
12 На Естон му се родија Вет-Раф, Фасеј и Техин, таткото на Ир-Нас. Тоа се луѓето на Река.
13 Синови на Кенез+ се: Готонил+ и Сераја, а син на Готонил е Атат.
14 На Менотај му се роди Офра. На Сераја му се роди Јоав, таткото на Ге-Харашим.* Тие беа занаетчии.+
15 Синови на Халев,+ синот на Јефониј,+ се: Иру, Ила и Наам. Син на Ила е Кенез.
16 Синови на Јехалел се: Зиф, Зифа, Тирија и Асариел.
17 Синови на Езрах се: Јетер, Меред, Ефер и Јалон. Неговата жена му ги роди: Маријам, Самај и Есва, таткото на Естемоја.+
18 Неговата жена Јудејка* ги роди: Јеред, таткото на Гедор, Хевер, таткото на Сохо, и Екутиел, таткото на Заноја. Тоа се синовите на Витија, ќерката на фараонот, која ја зеде Меред.
19 Синови на жената на Одија, сестрата на Нам, се: таткото на Кеила+ Гармиецот и Естемоја Макатецот.
20 Синови на Симон се: Амнон, Рина, Вен-Анан и Тилон. Синови на Иши се: Зохет и Вен-Зохет.
21 Синови на Сала,+ синот на Јуда, се: Ир, таткото на Леха, и Лада, таткото на Мариса, и семејствата на изработувачите на фино платно+ од домот на Асвеја,
22 потоа Јоким и луѓето од Хозева, и Јоас и Сараф, кои си зедоа за жени Моавки,*+ како и Јашувилехем. За тоа зборуваат старите преданија.+
23 Тие беа грнчари+ и живееја во Нетаим и во Гедера. Таму живееја и работеа за царот.+
24 Синови на Симеон се: Немуил,+ Јамин,+ Јарив, Зара, Саул,+
25 неговиот син Салум, неговиот син Мивсам, неговиот син Мишма.
26 Синови на Мишма се: Хамуил, негов син, Захур, негов син, Симеј, негов син.
27 Симеј имаше шеснаесет синови и шест ќерки. Неговите браќа немаа многу синови, така што ниту едно нивно семејство не беше толку бројно како синовите на Јуда.+
28 Тие живееја во Вирсавеја,+ во Молада,+ во Асар-Суал,+
29 во Вилха,+ во Асем,+ во Толад,+
30 во Ветуил,+ во Хорма,+ во Сиклаг,+
31 во Вет-Мархавот, во Асар-Сусим,+ во Вет-Вири и во Сараим.+ Тоа беа нивните градови до царувањето на Давид.
32 Се населија и во Етам, Аин, Римон, Тохен и во Асан+ — пет града.
33 И околу тие градови имаа свои места дури до Ваал.+ Тоа се местата во кои живееја и тоа се нивните родословни записи.
34 Месовав, Јамлех и Јоса, синот на Амазија,
35 Јоил и Јуј, синот на Јошивија, син на Сераја, син на Асил,
36 потоа Елиоенај, Јакова, Јесохаја, Асаија, Адил, Есимил, Венај
37 и Зиза, синот на Сифиј, син на Алон, син на Једај, син на Шимри, син на Семаја.
38 Овие што се наведени по име беа поглавари во своите семејства.+ Нивниот род многу се намножи.
39 Затоа отидоа до влезот во Гедор, на источната страна од долината, за да бараат пасишта за своите стада.
40 И најдоа густи и убави пасишта,+ а земјата беше пространа, мирна и безбедна.+ Таму порано живееја потомците на Хам.+
41 Овие што се наведени по име дојдоа во времето на Езекија,+ царот на Јуда, и ги нападнаа Хамитите и Меунимите, кои престојуваа таму во своите шатори, па ги истребија,*+ така што и ден-денес нема ниту еден. И се населија на нивното место, зашто таму имаше пасишта+ за нивните стада.
42 Некои од синовите на Симеон отидоа во планината Сеир,+ петстотини луѓе, на чело со Фелатија, Неариј, Рефаија и Узиел, синовите на Иши.
43 Тие го погубија остатокот од Амаличаните,+ кои уште беа живи, и останаа таму до ден-денес.
Фусноти
^ „Ге-Харашим“ значи „долина на занаетчиите“.
^ Или: „Еврејка“.
^ Буквално: „кои станаа сопственици (господари) на Моавки“.
^ Или: „ги истребија како херем“.