1. Летописи 5:1-26

5  Синовите на Рувим,+ првородениот на Израел (имено тој беше првороден,+ но ја оскверни постелата на својот татко,+ па неговото право на првородство им беше дадено на синовите на Јосиф,+ синот на Израел, така што тој не беше запишан во родословието како првороден;  Јуда+ беше понадмоќен од своите браќа и од него потекна водачот,+ но правото на првородство го доби Јосиф),+  значи, синови на Рувим, првородениот на Израел, се: Анох,+ Фалу,+ Есром и Харми.+  Синови на Јоил се: Семаја, негов син, неговиот син Гог, неговиот син Симеј,  неговиот син Михеј, неговиот син Реај, неговиот син Ваал,  неговиот син Веира, кого Телгат-Фелнасар,+ асирскиот цар, го одведе во изгнанство. Тој беше поглавар на племето на Рувим.  Негови браќа според нивните семејства, како што се запишани во родословниот запис+ според нивните поколенија, беа поглаварот Јејел, потоа Захарија  и Вела, синот на Азаз, син на Сема, син на Јоил,+ кој со своето семејство живееше во Ароир,+ до Нево+ и до Ваал-Меон.+  На исток живееја до работ на пустината што се протегаше до реката Еуфрат,+ зашто нивната стока се намножи во земјата Галад.+ 10  Во деновите на Саул, тие војуваа со Агарјаните,+ кои изгинаа од нивната рака. И се населија во нивните шатори по целата земја источно од Галад. 11  Синовите на Гад+ живееја близу до нив во земјата Васан,+ до Салека.+ 12  Тоа беа: Јоил, поглаварот, Сафам, вториот, и Јанај и Сафат во Васан. 13  Нивни браќа од нивниот род се: Михаел, Месулам, Сава, Јорај, Јахан, Зиј и Евер — седуммина. 14  Тоа се синовите на Авихаил, синот на Ури, син на Јарој, син на Галад, син на Михаел, син на Јесисај, син на Јадо, син на Вуз. 15  Ахи, синот на Авдиел, син на Гуниј, беше поглавар на нивниот род. 16  Живееја во Галад,+ во Васан+ и во неговите градови+ и по сите пасишта на Сарон до нивните граници. 17  Сите тие беа запишани во родословието во деновите на Јотам,+ царот на Јуда, и во деновите на Јеровоам,*+ царот на Израел. 18  Синовите на Рувим и на Гад, како и половината племе на Манасија, храбри јунаци+ кои носеа штит и меч, оптегнуваа лак и беа извежбани за војна, беа четириесет и четири илјади седумстотини и шеесет војници.+ 19  И војуваа со Агарјаните,+ со Јетур,+ со Нафис+ и со Нодав. 20  И добија помош во војната против нив, така што Агарјаните и сите што беа со нив паднаа во нивни раце. Имено, во војната го повикуваа на помош Бог+ и тој ги услиши нивните молитви зашто имаа доверба во него.+ 21  Ја запленија нивната стока:+ педесет илјади камили, двесте и педесет илјади овци, две илјади магариња, и заробија сто илјади човечки души.+ 22  Имаше многу убиени, зашто вистинскиот Бог ја водеше таа војна.+ И се населија на нивното место и останаа таму до изгнанството.+ 23  А синовите на половината племе на Манасија+ се населија во земјата од Васан+ до Ваал-Ермон,+ до Сенир+ и до планината Хермон.+ И многу се намножија. 24  Ова се поглаварите на нивните родови: Ефер, Иши, Елиел, Азриел, Еремија, Одавија и Јадил, храбри јунаци, прочуени луѓе, поглавари на своите родови. 25  Но почнаа да постапуваат неверно кон Богот на своите прататковци и ги почитуваа+ боговите*+ на народите што живееја во таа земја,* кои Бог ги истреби од пред нив. 26  Затоа Богот на Израел го поттикна+ Фул,+ асирскиот+ цар, односно* асирскиот цар Телгат-Фелнасар,+ да ги одведе во изгнанство+ племето на Рувим, племето на Гад и половината племе на Манасија. И ги доведе во Халах,+ Авор, Хара и на реката Гозан, каде што останаа до ден-денес.

Фусноти

Станува збор за Јеровоам II. Види 2Ца 14:16⁠-29.
Буквално: „блудствуваа со боговите“. Види го додатокот 6.
Буквално: „народите од земјата“ (множина од хебрејскиот израз ам хаарец).
Буквално: „духот на Фул, асирскиот цар, и духот на Телгат-Фелнасар“.