1. Летописи 7:1-40
7 Синови на Исахар се: Тола,+ Фуа,+ Јасув и Симрон+ — четворица.
2 Синови на Тола се: Озиј, Рефаија, Јерил, Јамај, Евсам и Семуел, поглавари на своите родови. Од Тола потекнаа храбри јунаци. Во деновите на Давид+ нивниот број изнесуваше дваесет и две илјади и шестотини.
3 Син* на Озиј е Израј. Синови на Израј се: Михаел, Авдија, Јоил, Исиј...* — петмина. Сите тие беа поглавари.
4 Меѓу нивните потомци, според нивните родови, во воени чети подготвени за војна имаше триесет и шест илјади луѓе, зашто имаа многу жени и синови.+
5 Нивните браќа во сите семејства на Исахар беа храбри јунаци.+ Според родословниот запис, ги имаше вкупно осумдесет и седум илјади.+
6 Синови на Венијамин+ се: Вела,+ Вехер+ и Једиил+ — тројца.
7 Синови на Вела+ се: Есвон, Озиј, Узиел, Еримот и Ири — петмина, кои беа поглавари на своите родови, храбри јунаци. Во нивниот родословен запис+ беа запишани дваесет и две илјади и триесет и четири.
8 Синови на Вехер се: Земир, Јоас, Елиезер, Елиоенај, Амри, Јеремот, Авија, Анатот и Алемет. Сите тие се синови на Вехер.
9 Во нивниот родословен запис,+ според нивното потекло, според поглаварите на нивните родови, храбри јунаци, беа запишани дваесет илјади и двесте.
10 Син на Једиил+ е Валан. Синови на Валан се: Јеус, Венијамин, Ехуд, Хенан, Зитан, Тарсис и Ахисар.
11 Сите синови на Једиил, според поглаварите на нивните родови, храбри јунаци,+ беа седумнаесет илјади и двесте војници подготвени за војна.
12 Суфим+ и Упим+ се синови на Ир.+ Хусејците се синови на Ахир.
13 Синовите на Нефталим:+ Јасиел,+ Гуниј,+ Јесер и Салум,*+ синови на Вилха.+
14 Син на Манасија+ е Азрил, кого му го роди наложницата* Сиријка. (Таа го роди и Махир,+ таткото на Галад.
15 Махир ги ожени Упим и Суфим, чија сестра се викаше Мааха.) Името на вториот е Салпад,+ а Салпад имаше ќерки.+
16 Мааха, жената на Махир, роди син и му го даде името Ферес. Брат му се викаше Серес, а негови синови се: Улам и Рекем.
17 Син на Улам е Бедан. Тоа се синовите на Галад, синот на Махир, син на Манасија.
18 Неговата сестра Амолекета ги роди Исуд, Авиезер+ и Мала.
19 Синови на Семида се: Ахијан, Сихем, Лихи и Анијам.
20 Синовите на Ефрем+ се: Сутал,+ неговиот син Веред, неговиот син Тахат, неговиот син Елеада, неговиот син Тахат,
21 неговиот син Завад, неговиот син Сутал, како и Есер и Елеад. Овие двајца беа убиени од луѓето од Гат,+ родени во земјата, зашто овие дојдоа да им ја земат стоката.
22 Ефрем, нивниот татко, тагуваше долго време,+ а неговите браќа доаѓаа кај него за да го утешат.
23 Потоа тој легна со својата жена и таа забремени+ и роди син. Тој му го даде името Верија,* зашто во неговиот дом се случи несреќа.+
24 Ќерка му е Сера, која ги изгради Долни+ и Горни+ Вет-Орон+ и Узен-Сера.
25 Син му е Рефа, и Ресеф, неговиот син Тела, неговиот син Тахан,
26 неговиот син Ладан, неговиот син Амиуд, неговиот син Елисама,
27 неговиот син Навин,+ неговиот син Исус.+
28 Нивниот посед и местата каде што се населија се: Ветил+ со околните градови, Наран+ на исток, Гезер+ со околните градови на запад, Сихем+ со околните градови, до Газа* со околните градови;
29 покрај синовите на Манасија: Вет-Син+ со околните градови, Танах+ со околните градови, Мегидо+ со околните градови, Дор+ со околните градови. Во нив живееја синовите на Јосиф,+ синот на Израел.
30 Синовите на Асер+ се: Имна,+ Исва, Исви+ и Верија+ и нивната сестра Сера.
31 Синови на Верија се: Хевер и Малхил, таткото на Верзавит.
32 На Хевер му се родија Јафлет, Сомир* и Хотам и нивната сестра Шуја.
33 Синови на Јафлет се: Фасах, Вимал и Асват. Тоа се синовите на Јафлет.
34 Синови на Семир се: Ахи, Рога, Јехува и Арам.
35 Синови на Хелем, неговиот брат, се: Софа, Емна, Селис и Амал.
36 Синови на Софа се: Суја, Арнефер, Суал, Верија, Емра,
37 Везер, Ход, Шама, Силиса, Итран и Веера.
38 Синови на Јетер се: Јефониј, Фиспа и Ара.
39 Синови на Ула се: Арах, Аниел и Рисија.
40 Сите тие се синови на Асер, поглавари+ на своите родови, избрани храбри јунаци,+ поглавари меѓу кнезовите. Бројот на запишаните во нивниот родословен запис+ изнесуваше дваесет и шест илјади војници подготвени за војна.+
Фусноти
^ Буквално: „Синови“.
^ Во хебрејскиот текст недостасува едно име.
^ Во 1Мо 46:24 и 4Мо 26:49 „Силим“.
^ „Верија“ значи „во несреќа“.
^ Не станува збор за Газа во Филистеја, која му била дадена на племето на Јуда.
^ Во 34. стих „Семир“.