1. Летописи 8:1-40
8 На Венијамин+ му се роди првородениот Вела,+ вториот Асвил,+ третиот Ахара,+
2 четвртиот Ноа+ и петтиот Рафа.
3 Синови на Вела се: Адар, Гера,+ Авијуд,
4 Ависуј, Нааман, Ахој,
5 Гера, Сефуфам+ и Урам.+
6 А синовите на Ехуд беа поглавари на семејствата што живееја во Гева,+ од каде што беа одведени во изгнанство во Манахат.
7 Нив ги одведоа во изгнанство Нааман, Ахија и Гера, кој предводеше. Нему му се родија Уза и Ахиуд.
8 На Сараим му се родија деца во моавската земја+ откако ги истера Моавците. Усима и Вара му беа жени.
9 Одеса, неговата жена, му ги роди: Јовав, Сивиј, Меша, Малхам,
10 Јеуз, Сахија и Мирма. Тоа се неговите синови, поглавари на своите родови.
11 Усима му ги роди Авитов и Елфал.
12 Синови на Елфал се: Евер, Мисам и Самед, кој ги изгради Оно+ и Лод+ со околните градови,
13 потоа Верија и Сема. Тие се поглавари на своите семејства, кои живееја во Ајалон.+ Тие ги истераа жителите на Гат.
14 Ахио, Сасак, Јеремот,
15 Зевадија, Арад, Едер,
16 Михаел, Еспа и Јоха се синови на Верија.+
17 Зевадија, Месулам, Хиски, Хевер,
18 Исмерај, Езлиј и Јовав се синови на Елфал.
19 Јаким, Зихриј, Завдиј,
20 Елинај, Зилтај, Елиел,
21 Адаија, Вераја и Симрат се синови на Симеј.+
22 Еспан, Евер, Елиел,
23 Авдон, Зихриј, Ханан,
24 Ананија, Елам, Антотија,
25 Ифдеја и Фенуел се синови на Сасак.
26 Самсерај, Сеарија, Аталија,
27 Јаресиј, Илија и Зихриј се синови на Јероам.
28 Тоа се поглавари на своите родови, како што беа запишани во родословните записи. Тие главари живееја во Ерусалим.+
29 Во Гаваон+ живееше Јејел, таткото на Гаваон, а жена му се викаше Мааха.+
30 Неговиот првороден син беше Авдон, потоа Сур, Кис, Ваал, Надав,+
31 Гедор, Ахио и Зехер.+
32 На Миклот му се роди Симеја.+ Тие живееја заедно со своите браќа во Ерусалим, близу до останатите свои браќа.
33 На Нир+ му се роди Кис,+ а на Кис му се роди Саул.+ На Саул му се родија Јонатан,+ Малхи-Суа,+ Авинадав+ и Есвал.+
34 Син на Јонатан е Мери-Вал.+ На Мери-Вал му се роди Михеј.+
35 Синови на Михеј се: Фитон, Мелех, Тареј+ и Ахаз.
36 На Ахаз му се роди Јехоада. На Јехоада му се родија: Алемет, Азмавет и Зимриј. На Зимриј му се роди Моса.
37 На Моса му се роди Винеј, негов син е Рафеј,+ негов син е Елеаса, негов син е Асел.
38 Асел имаше шест сина, на кои имињата им се: Азрикам, Вохеру, Исмаел, Сеариј, Авдија и Ханан. Сите тие се синови на Асел.
39 Синови на Исек, неговиот брат, се: првородениот Улам, вториот Јеус и третиот Елифелет.
40 Синовите на Улам беа храбри јунаци,+ кои го оптегнуваа лакот+ и имаа многу синови+ и внуци, сто и педесет. Сите тие се синови на Венијамин.