1. Мојсеева 1:1-31

1  Во почетокот*+ Бог*+ ги создаде+ небото и земјата.+  Земјата беше празна и пуста, и над површината на водната бездна+ се простираше темнина, а Божјиот дух* дејствуваше+ над површината на водите.+  И Бог рече:*+ „Нека настане светлина“. Тогаш настана светлина.+  И Бог виде дека светлината е добра, и Бог ја оддели светлината од темнината.+  И Бог светлината ја нарече „ден“,+ а темнината ја нарече „ноќ“.+ И дојде вечер, и дојде утро — прв ден.  Потоа Бог рече: „Нека настане свод+ помеѓу водите и нека се одделат води од води“.+  Тогаш Бог го направи сводот и ги оддели водите, едните води да бидат под сводот, а другите води над сводот.+ И стана така.  Бог го нарече сводот небо.+ И дојде вечер, и дојде утро — втор ден.  Потоа Бог рече: „Водите под небото нека се соберат на едно место и нека се покаже копно“.+ И стана така. 10  Бог го нарече копното земја,+ а собраните води ги нарече мориња.+ И виде Бог дека тоа е добро.+ 11  Потоа Бог рече: „Од земјата нека изникне трева, растенија што носат семе,+ плодни дрвја кои, според својот вид,+ раѓаат плод на земјата во кој е неговото семе“.+ И стана така. 12  И земјата пушти од себе трева, растенија што носат семе според својот вид+ и дрвја што раѓаат плод во кој е семето според неговиот вид.+ И виде Бог дека тоа е добро. 13  И дојде вечер, и дојде утро — трет ден. 14  Потоа Бог рече: „Нека настанат извори на светлина на небесниот свод за да го одделуваат денот од ноќта+ и да служат како знаци за времињата, деновите и годините!+ 15  Нека светат на небесниот свод и нека ја осветлуваат земјата!“+ И стана така. 16  И Бог направи* два големи извора на светлина, поголемиот да управува со денот и помалиот да управува со ноќта, а исто така и ѕвезди.+ 17  И Бог ги стави нив на небесниот свод за да ја осветлуваат земјата,+ 18  да управуваат со денот и со ноќта и да ја одделуваат светлината од темнината.+ И Бог виде дека тоа е добро.+ 19  И дојде вечер, и дојде утро — четврти ден. 20  Потоа Бог рече: „Водите нека изобилуваат со мноштво живи души+ и над земјата, по небесниот свод, нека летаат летачки суштества!“+ 21  И Бог ги создаде* големите морски животни+ и сите живи души што се движат,+ кои се намножија во водите според својот вид, и сите крилести суштества според својот вид.+ И Бог виде дека тоа е добро. 22  Потоа Бог ги благослови со зборовите: „Плодете се и множете се и наполнете ги водите во морињата,+ и суштествата што летаат нека се намножат на земјата!“ 23  И дојде вечер, и дојде утро — петти ден. 24  Потоа Бог рече: „Земјата+ нека пушти од себе живи души според нивните видови, домашни животни,+ други животни што се движат*+ и диви земни животни+ според нивните видови!“ И стана така. 25  Тогаш Бог ги направи дивите земни животни според нивните видови, и домашните животни според нивните видови, и сите други животни што се движат по земјата според нивните видови.+ И Бог виде дека тоа е добро. 26  Потоа Бог рече: „Да направиме+ човек според нашиот лик,+ сличен на нас,+ и нека владее над морските риби, над суштествата што летаат по небото, над домашните животни — над сета земја — и над сите други животни што се движат по земјата!“+ 27  Тогаш Бог го создаде човекот според својот лик, го создаде според Божјиот лик+ — ги создаде машко и женско.+ 28  Потоа Бог ги благослови+ и им рече: „Плодете+ се и множете се, наполнете ја земјата и потчинете ја,+ и владејте+ над морските риби, над небесните суштества што летаат и над сите суштества што се движат по земјата!“ 29  Потоа Бог рече: „Еве, ви ги давам сите растенија што носат семе, по целата земја, и сите дрвја со нивните плодови во кои има семе.+ Нека ви служат за храна.+ 30  А на сите диви земни животни и на сите суштества што летаат по небото и на секоја жива душа што се движи по земјата им ги давам за храна сите зелени растенија“.+ И стана така. 31  Потоа Бог го погледна сето она што го беше направил, и гледај, беше многу добро.+ И дојде вечер, и дојде утро — шести ден.

Фусноти

Буквално: „Богови“. Титулата елохим во хебрејскиот текст овде е во множина заради нагласување на величието и моќта, а не за да покаже дека станува збор за повеќе личности или богови. Спореди ја фуснотата за Су 16:23.
„Во почетокот“ — хебрејски: Берешит. Првата книга во Библијата на хебрејски го добила името според првиот збор. Името „Битие“ потекнува од Септуагинтата и од Вулгатата.
Или: „силата со која се служи Бог“.
Или: „почна да зборува“. Ова е првото место во 1. поглавје од 1. Мојсеева каде што во хебрејскиот текст е употребен несвршен глагол за да се опише постепеното одвивање на дејството. Во истото поглавје има повеќе од 40 вакви места.
Или: „почна да прави (да обликува)“. Види ја фуснотата за 1Мо 1:3.
Или: „почна да ги создава“. Види ја фуснотата за 1Мо 1:3.
Хебрејскиот збор преведен со изразот „други животни што се движат“, по сѐ изгледа, означува разни ситни животни што живеат близу до почвата, како што се глодачите, влекачите и инсектите.