1. Мојсеева 17:1-27
17 Кога Аврам имаше деведесет и девет години, Јехова му се појави и му рече:+ „Јас сум Семоќниот Бог.+ Живеј* според мојата волја и биди непорочен!*+
2 Јас ќе склучам сојуз меѓу мене и тебе+ за многу, многу да те намножам“.+
3 Тогаш Аврам падна ничкум,+ а Бог уште му рече:
4 „Еве, склучив сојуз со тебе,+ и ти ќе станеш татко на многу народи.+
5 Повеќе нема да се викаш Аврам,* туку ќе се викаш Авраам,* зашто ќе те направам татко на многу народи.
6 Ќе те направам многу плоден и од тебе ќе настанат народи, и цареви ќе излезат од тебе.+
7 Ќе се држам за својот сојуз меѓу мене и тебе+ и твоето потомство по тебе во неговите поколенија како за траен сојуз,+ за да ти бидам Бог и тебе и на твоето потомство по тебе.+
8 Тебе и на твоето потомство по тебе ќе ви ја дадам земјата во која живееш како дојденец,+ целата ханаанска земја, како траен посед, а јас ќе бидам нивни Бог“.+
9 Бог уште му рече на Авраам: „Ти, пак, држи го мојот сојуз, ти и твоето потомство по тебе, од поколение во поколение!+
10 Ова е мојот сојуз што ќе го држите, сојузот меѓу мене и вас, и твоето потомство по тебе:+ секое машко меѓу вас да биде обрежано.+
11 Ќе се обрежувате, и тоа ќе служи како знак на сојузот меѓу мене и вас.+
12 И секое машко меѓу вас, кога ќе има осум дена, да се обреже,+ во секое идно поколение, секој што е роден во куќата и секој што е купен за пари од кој и да било туѓинец, кој не е од твоето потомство.
13 Секој што е роден во твојот дом и секој што си го купил за пари мора да се обреже.+ Така мојот сојуз на вашето тело ќе биде траен сојуз.+
14 А машкото што нема да биде обрежано, нека* биде истребено од својот народ.+ Таквиот го прекршил мојот сојуз“.
15 Потоа Бог му рече на Авраам: „Својата жена Сараја не викај ја повеќе Сараја,* зашто името ѝ е Сара!*+
16 Јас ќе ја благословам и ќе ти дадам син од неа.+ Ќе ја благословам и од неа ќе настанат народи,+ и цареви на народи ќе излезат од неа“.+
17 Тогаш Авраам падна ничкум, па се насмеа и си рече во срцето:+ „Зарем на човек од сто години ќе му се роди дете, и зарем Сара, зарем жена од деведесет години ќе роди?“+
18 Потоа Авраам му рече на вистинскиот Бог: „Нека е жив Исмаел пред тебе!“+
19 Но Бог му рече: „Твојата жена Сара навистина ќе ти роди син, и ќе му го дадеш името Исак.*+ Јас ќе го склучам мојот сојуз со него како траен сојуз за неговото потомство по него.+
20 А и за Исмаел те услишив. Еве, ќе го благословам, ќе го направам плоден и многу, многу ќе го намножам.+ Од него ќе потекнат дванаесет кнезови, и од него ќе направам голем народ.+
21 Но мојот сојуз ќе го склучам со Исак,+ кого Сара ќе ти го роди догодина во ова време“.+
22 Кога го заврши разговорот со Авраам, Бог отиде откај него нагоре.+
23 Тогаш Авраам ги зеде својот син Исмаел, сите машки родени во неговиот дом, сите купени со негови пари, сите машки од домот, и на истиот тој ден ги обрежа, токму како што му рече Бог.+
24 Авраам имаше деведесет и девет години кога го обрежаа.+
25 А неговиот син Исмаел имаше тринаесет години кога го обрежаа.+
26 Во истиот тој ден беа обрежани Авраам и неговиот син Исмаел.+
27 И сите машки од неговиот дом, сите што беа родени во куќата и сите што беа купени за пари од некој туѓинец, беа обрежани со него.+
Фусноти
^ Буквално: „Оди пред мене“.
^ „Аврам“ значи „татко на возвишеноста“.
^ „Авраам“ значи „татко на мноштво“.
^ Буквално: „таа душа нека“.
^ „Сараја“ можеби значи „кавгаџика“.
^ „Сара“ значи „кнегиња“.
^ „Исак“ значи „смеа“.