1. Мојсеева 29:1-35

29  Потоа Јаков тргна на пат и отпатува во земјата на синовите на Истокот.+  Кога погледна, виде бунар во полето и три стада овци што лежеа покрај него, бидејќи на тој бунар обично се поеја стадата.+ Над отворот од бунарот имаше еден голем камен.+  Кога ќе се собереа таму сите стада, ќе го отркалаа каменот од отворот на бунарот и ќе ги напоеја стадата, а потоа ќе го вратеа на неговото место на отворот од бунарот.  И Јаков ги праша: „Браќа мои, од каде сте?“ А тие одговорија: „Од Харан“.+  Потоа ги праша: „Го познавате ли Лаван,+ внукот на Нахор?“+ „Го познаваме“, одговорија тие.  Тогаш тој ги праша: „Дали е добро?“+ „Добро е“, рекоа тие. „Еве доаѓа ќерка му Рахела+ со овците!“+  А тој рече: „Но уште е ден. Уште не е време да се собираат стадата. Напојте ги овците, па пуштете ги да пасат“.+  А тие рекоа: „Не можеме да го сториме тоа додека не се соберат сите стада. Дури тогаш ќе го отркалаат каменот од отворот на бунарот. Тогаш можеме да ги напоиме овците“.  Додека тој уште разговараше со нив, дојде Рахела+ со овците на својот татко, зашто беше овчарка.+ 10  А кога Јаков ја виде Рахела, ќерката на Лаван, братот на мајка му, и овците на Лаван, братот на мајка му, веднаш пријде, го отркала каменот од отворот на бунарот и ги напои овците на Лаван, братот на мајка му.+ 11  Тогаш Јаков ја бакна+ Рахела и гласно заплака.+ 12  И Јаков ѝ кажа на Рахела дека му е внук*+ на татко ѝ и дека е син на Ревека. А таа отрча и му го раскажа тоа на својот татко.+ 13  Штом ја чу веста за Јаков, синот на сестра си, Лаван му отрча во пресрет,+ па го прегрна, го бакна и го доведе во својата куќа.+ Тогаш Јаков му раскажа на Лаван за сѐ што му се случи. 14  Потоа Лаван му рече: „Ти си навистина моја коска и мое месо“.+ И Јаков остана кај него цел месец. 15  Потоа Лаван му рече на Јаков: „Зарем да ми служиш бесплатно+ затоа што си ми роднина?+ Кажи, колкава да ти биде платата?“+ 16  А Лаван имаше две ќерки. Постарата се викаше Лија,+ а помладата Рахела. 17  Но очите на Лија беа без сјај, а Рахела+ имаше убава става и убаво лице.+ 18  Јаков ја засака Рахела, па рече: „Готов сум да ти служам седум години за твојата помлада ќерка Рахела“.+ 19  Тогаш Лаван рече: „Подобро да ти ја дадам тебе отколку на некој друг.+ Остани кај мене“. 20  И Јаков служеше за Рахела седум години,+ но тие му се видоа како неколку дена, зашто ја сакаше.+ 21  Потоа Јаков му рече на Лаван: „Времето на моето служење заврши. Затоа, дај ми ја мојата жена, па да легнам со неа!“+ 22  Тогаш Лаван ги собра сите луѓе од она место и направи гозба.+ 23  Но таа вечер тој ја зеде својата ќерка Лија и ја воведе кај него за да легне со неа. 24  А Лаван ѝ ја даде својата слугинка Зелфа на ќерка си Лија за да ѝ биде слугинка.+ 25  А кога се раздени се виде дека тоа беше Лија! Тогаш тој му рече на Лаван: „Што ми направи? Зарем не ти служев за Рахела? Зошто ме измами?“+ 26  А Лаван му одговори: „Во нашево место не е обичај да ја омажиме помладата пред постарата. 27  Прославувај+ со оваа жена до крајот на седмицата. Потоа ќе ја добиеш и другата за службата што ќе ми ја вршиш уште седум години“.+ 28  И Јаков направи така и прославуваше со оваа жена до крајот на седмицата, а потоа Лаван му ја даде за жена и својата ќерка Рахела. 29  А Лаван ѝ ја даде својата слугинка Вилха+ на ќерка си Рахела за да ѝ биде слугинка. 30  Тогаш Јаков легна и со Рахела, и повеќе ја сакаше Рахела отколку Лија.+ Така служеше кај Лаван уште седум години.+ 31  Кога виде дека Лија не е сакана,* Јехова ѝ ја отвори материцата,+ а Рахела беше неротка.+ 32  И Лија забремени, роди син и му го даде името Рувим,*+ велејќи: „Јехова ја погледна мојата неволја,+ па сега мојот маж ќе ме засака“. 33  Таа пак забремени и роди син, па рече: „Јехова слушна+ дека не сум сакана, па ми го даде и овој“. Затоа му го даде името Симеон.*+ 34  И пак забремени и роди син, па рече: „Овојпат мојот маж ќе се приврзе кон мене, зашто му родив три сина“. Затоа тој го доби името Леви.*+ 35  А кога забремени уште еднаш и роди син, рече: „Овојпат ќе го фалам Јехова“. Затоа му го даде името Јуда.*+ Потоа не раѓаше некое време.

Фусноти

Буквално: „брат“.
Буквално: „дека Лија е мразена“.
„Рувим“ значи „Гледајте, син!“
„Симеон“ значи „слушне“ (во смисла: послуша, услиши).
„Леви“ значи „приврзан“.
„Јуда“ значи „фален; славен“.