1. Мојсеева 33:1-20

33  По некое време, Јаков ги крена очите и виде како доаѓа Исав со четиристотини мажи.+ Затоа ги раздели децата и им ги даде на Лија, на Рахела и на двете слугинки.+  Слугинките и нивните деца ги постави најнапред,+ Лија и нејзините деца зад нив,+ а Рахела и Јосиф најодзади.+  А тој самиот појде пред нив и седумпати се поклони доземи додека не дојде до својот брат.+  А Исав му потрча во пресрет,+ го прегрна,+ му се фрли околу вратот и го бакна, па двајцата заплакаа на глас.  Тогаш ги крена очите и ги виде жените и децата, па рече: „Кои се овие со тебе?“ „Децата со кои Бог милостиво го дарува твојот слуга“, му одговори Јаков.+  Тогаш пристапија слугинките со своите деца, и се поклонија.  Потоа пристапи Лија со своите деца, па се поклонија, а на крајот пристапија Јосиф и Рахела, и се поклонија.+  Тогаш тој рече: „А каква ти беше намерата со сиот оној табор што го сретнав?“+ А тој му одговори: „Да најдам милост во очите на својот господар“.+  Тогаш Исав рече: „Имам јас многу од сѐ, брате мој.+ Нека ти остане она што е твое“. 10  Но Јаков рече: „Немој, те молам! Ако сум нашол милост во твои очи,+ прими го дарот од мојата рака, зашто, кога го видов твоето лице, како да го видов Божјето лице, затоа што ме прими со убаво!+ 11  Земи го, те молам, овој дар со кој те благословувам,+ зашто Бог ми покажа милост и имам сѐ!“+ И упорно го наговараше, така што Исав го прифати дарот.+ 12  Потоа Исав рече: „Да станеме и да тргнеме, а јас ќе одам пред тебе“. 13  Но тој му рече: „Мојот господар знае дека децата се нејаки и дека имам овци и крави доилки,+ па ако ги тераат пребрзо само еден ден, целото стадо ќе пцовиса.+ 14  Те молам, господару, појди пред својот слуга, а јас ќе продолжам да патувам полека, колку што може стоката+ што е пред мене и колку што можат децата,+ сѐ додека не дојдам кај својот господар во Сеир!“+ 15  Тогаш Исав рече: „Дај да ти оставам неколкумина од луѓето што се со мене!“ А тој рече: „Зошто? Доста ми е тоа што наоѓам милост во очите на својот господар!“+ 16  Така Исав во истиот ден се врати по својот пат во Сеир. 17  А Јаков отиде во Сокот,+ каде што си изгради куќа, а за својата стока направи трла.+ Затоа го нарече местото Сокот.* 18  По некое време откако дојде од Падан Арам,+ Јаков стигна жив и здрав до градот Сихем,+ кој е во ханаанската земја,+ и се улогори пред градот. 19  И од рацете на синовите на Емор, таткото на Сихем, за сто сребреници* купи парче земја на кое го распна својот шатор.+ 20  И таму подигна жртвеник и го нарече „Бог, Богот на Израел“.+

Фусноти

„Сокот“ значи „сеници; (покриени) штали“.
Буквално: „кесити“. Кесит е парична единица со непозната вредност.