1. Мојсеева 35:1-29

35  Потоа Бог му рече на Јаков: „Стани, оди во Ветил и живеј таму,+ и таму направи му жртвеник на вистинскиот Бог, кој ти се појави кога бегаше од брат ти Исав!“+  Тогаш Јаков им рече на своите домашни и на сите што беа со него: „Отстранете ги туѓите богови што се кај вас,+ исчистете се и променете ја облеката,+  па да станеме и да одиме во Ветил! Таму ќе му направам жртвеник на вистинскиот Бог, кој ме услиши во денот на мојата неволја,+ така што беше со мене по патот по којшто одев“.+  Така тие му ги дадоа на Јаков сите туѓи богови+ што ги имаа и обетките што им беа на ушите, и Јаков ги закопа+ под големото дрво што беше близу до Сихем.  Потоа тргнаа, а голем страв од Бог ги обзеде градовите што беа околу нив,+ така што не отидоа во потера по синовите на Јаков.  Така Јаков дојде во Луз,+ кој е во ханаанската земја, односно во Ветил, тој и сите луѓе што беа со него.  Таму подигна жртвеник и местото го нарече Ел-Ветил,* зашто таму му се беше открил вистинскиот Бог кога бегаше од својот брат.+  Подоцна умре Девора,+ доилката на Ревека, па ја погребаа подолу од Ветил под едно огромно дрво. Затоа му го даде името Алон-Вакут.*  Бог повторно му се појави на Јаков, кога се враќаше од Падан Арам,+ и го благослови.+ 10  И Бог му рече: „Името ти е Јаков.+ Но повеќе нема да се викаш Јаков, туку името ќе ти биде Израел“. Така му го даде името Израел.+ 11  Бог уште му рече: „Јас сум Семоќниот Бог.+ Биди плоден и множи се! Од тебе ќе настане народ, голем народ, и цареви ќе потекнат од тебе.*+ 12  А земјата што им ја дадов на Авраам и на Исак, ќе ти ја дадам тебе, и на твоето семе+ по тебе ќе му ја дадам таа земја“.+ 13  Потоа Бог замина откај него, вознесувајќи се од местото каде што зборуваше со него.+ 14  Затоа Јаков постави столб на местото каде што зборуваше со него,+ столб од камен, и излеа на него жртва налевница и го прелеа со масло.+ 15  А местото на коешто Бог зборуваше со него, Јаков и понатаму го викаше Ветил.+ 16  Потоа тргнаа од Ветил. И додека уште имаа пред себе добар дел од патот до Ефрата,+ Рахела почна да се пораѓа, а пораѓањето беше тешко.+ 17  И додека се мачеше при пораѓањето, бабицата ѝ рече: „Не плаши се, зашто ќе имаш уште еден син!“+ 18  И додека животот во неа гаснеше,*+ бидејќи умираше,+ му го даде името Венони, но татко му го нарече Венијамин.+ 19  Така Рахела умре и беше погребана на патот за Ефрата, односно за Витлеем.+ 20  А Јаков постави столб над нејзиниот гроб. Тој столб стои на гробот на Рахела до ден-денес.+ 21  Потоа Израел тргна понатаму и го распна шаторот зад кулата Едер, на извесна оддалеченост од неа.+ 22  Додека Израел логоруваше+ во таа земја, Рувим отиде и легна со Вилха, наложницата* на својот татко Израел, и тој дозна за тоа.+ А Јаков имаше дванаесет сина. 23  Синовите од Лија беа: Рувим,+ првородениот на Јаков, Симеон, Леви, Јуда, Исахар и Завулон. 24  Синовите од Рахела беа: Јосиф и Венијамин. 25  Синовите од Вилха, слугинката на Рахела, беа: Дан и Нефталим. 26  А синовите од Зелфа, слугинката на Лија, беа: Гад и Асер. Тоа се синовите на Јаков, кои му се родија во Падан Арам. 27  Најпосле Јаков дојде кај својот татко Исак во Мамре,+ во Киријат-Арва,+ односно во Хеврон, каде што Авраам и Исак живееја како дојденци.+ 28  А Исак доживеа сто и осумдесет години.+ 29  Потоа Исак издивна и умре и им се придружи на своите прататковци, стар и задоволен од животот,+ а неговите синови Исав и Јаков го погребаа.+

Фусноти

„Ел-Ветил“ значи „Богот на Ветил“.
„Алон-Вакут“ значи „големото стебло на плачот“.
Буквално: „ќе излезат од твоите бедра“.
Буквално: „додека душата ѝ излегуваше“.
Види ја фуснотата за 1Мо 22:24.