1. Петрово 1:1-25
1 Петар, апостол+ на Исус Христос, до вас кои сте привремени жители на овој свет,+ распрснати+ по Понт, Галатија, Кападокија,+ Азија* и Витинија, избрани+
2 според она што Бог, Таткото, однапред го знаеше,+ посветени со духот,+ за да бидете послушни и попрскани+ со крвта на Исус Христос:+
Нека ви се умножи незаслужената доброта и мирот.+
3 Благословен да е Богот и Таткото на нашиот Господар* Исус Христос,+ зашто според своето големо милосрдие повторно нѐ роди+ за жива надеж+ преку воскресението+ на Исус Христос од мртвите,
4 за наследството што е нераспадливо и неизвалкано и кое не венее.+ Тоа е зачувано на небесата за вас,+
5 кои Божјата сила преку верата+ ве чува за спасение,+ кое е подготвено да се објави+ во последното време.+
6 На тоа многу радувајте се, иако сега можеби за кратко ќе мора да се жалостите поради разните искушенија,+
7 за испитаноста на вашата вера,+ која е многу повредна од златото, кое пропаѓа иако се испитува со оган,+ да ви донесе фалба и слава и чест кога ќе се појави Исус Христос.+
8 Иако никогаш не сте го виделе, вие го сакате.+ Иако сега не го гледате, сепак верувате во него и воскликнувате со неискажана и силна радост,
9 бидејќи сте сигурни дека, поради својата вера, ќе бидете наградени со спасение на своите души.+
10 Тоа спасение внимателно го испитуваа и го истражуваа+ пророците кои пророкуваа+ за незаслужената доброта која ви е наменета вам.+
11 Истражуваа во кое или на какво време+ укажуваше духот+ во нив во врска со Христос+ кога сведочеше за страдањата што го очекуваа Христос+ и за сето она што е славно, кое доаѓа по нив.+
12 Им беше откриено дека не си служеле себеси, туку вам,+ изнесувајќи ви го она што сега ви е јавено+ преку оние што ви ја објавија добрата вест со светиот дух+ испратен од небото. Во тоа и ангелите сакаат да ѕирнат.+
13 Затоа, подгответе го умот за напорна работа,*+ бидете трезвени во сѐ.+ Надевајте се на незаслужената доброта+ што ќе ви биде покажана кога ќе се појави Исус Христос.+
14 Како послушни деца, немојте да дозволите и понатаму да ве обликуваат+ желбите што ги имавте додека бевте во незнаење,
15 туку, како што е свет оној што ве повикал, и вие бидете свети во сѐ што правите,+
16 бидејќи е напишано: „Бидете свети, зашто јас сум свет“.+
17 И ако го повикувате Таткото, кој непристрасно му суди+ секому според неговото дело, живејте богобојазливо+ додека престојувате во туѓина.+
18 Зашто, знаете дека не сте избавени+ со нешто распадливо,+ со сребро или злато, од својот суетен начин на живот, кој сте го наследиле од своите прататковци,
19 туку со драгоцената крв+ на Христос,+ која е како крвта на јагне неизвалкано и без недостаток.+
20 Вистина, тој беше одреден пред настанувањето на светот,+ но се појави на крајот од времињата заради вас+
21 кои преку него верувате во Бог,+ оној што го подигна од мртвите+ и му даде слава,+ за вашата вера и надеж да ја полагате во Бог.+
22 Сега, кога со послушноста кон вистината ги исчистивте+ своите души за да можете да покажувате нелицемерна братска љубов,+ сакајте се еден со друг силно и од срце.+
23 Зашто, не сте повторно родени+ од распадливо,+ туку од нераспадливо+ семе,+ преку речта+ на живиот и вечен Бог.+
24 И зашто, „сите луѓе се како трева, и сета нивна слава е како цветот на тревата.+ Тревата венее и цветот паѓа,+
25 но Јеховината реч останува засекогаш“.+ А „речта“+ е тоа што ви е објавено+ како добра вест.
Фусноти
^ Види го додатокот 11.
^ Буквално: „опашете ги бедрата на својот ум“. Или: „засукајте ги скутовите на својот ум“.