1. Петрово 4:1-19
4 Значи, поради тоа што Христос страдаше во тело,+ и вие вооружете се со истиот тој став,+ бидејќи кој страда во тело, прекинал со гревовите+
2 за да може преостанатото време во тело да не го живее+ според човечките желби, туку според Божјата волја.+
3 Зашто, доста е што во минатото+ ја вршевте волјата на луѓето од светот+ кога живеевте во бесрамност,+ во страсти, во пијанство,+ во разуздани гозби, во натпивања и во недозволени идолопоклонства.+
4 Поради тоа што повеќе не трчате со нив во истата таа тиња на распуштеноста,+ се чудат и зборуваат срамно за вас.+
5 Но тие ќе одговараат пред оној+ што веќе е готов да им суди на живите и на мртвите.+
6 Всушност, затоа добрата вест им е објавена и на мртвите,+ за во телото да бидат осудени во очите на луѓето,+ но во Божји очи да живеат по духот.+
7 А се приближи крајот на сѐ.+ Затоа, бидете разборити+ и не занемарувајте ја молитвата.+
8 Пред сѐ, горливо сакајте се еден со друг,+ зашто љубовта покрива мноштво гревови.+
9 Гостољубиво примајте се еден со друг без негодување.+
10 Служете си еден на друг — секој со дарот што го примил — како добри управители на Божјата незаслужена доброта, која се покажува на разни начини.+
11 Ако некој зборува, нека зборува во согласност со Божјите свети објави.+ Ако некој служи,+ нека се потпира на силата што ја дава Бог.+ Така Бог ќе се прослави во сѐ+ преку Исус Христос. Негова е славата+ и моќта во сета вечност. Амин.*
12 Сакани, не чудете се на огнот што пламти меѓу вас за да ве искуша,+ како да ви се случува нешто необично!
13 Напротив, радувајте се+ што страдате како што страдаше Христос,+ за да се радувате и да ликувате и за време на појавувањето+ на неговата слава.
14 Ако ве исмејуваат поради Христовото име,+ среќни сте,+ бидејќи духот на славата — духот Божји — почива врз вас.+
15 Но никој од вас нека не страда+ затоа што е убиец или крадец или злосторник или затоа што се меша во туѓи работи.+
16 Но, ако страда+ затоа што е христијанин, нека не се срами,+ туку нека го слави Бог носејќи го тоа име.
17 Зашто, време е да започне судот — и тоа од домот Божји.+ А ако започнува од нас,+ каков ли ќе им биде крајот на оние што не ѝ се послушни на Божјата добра вест?+
18 „И ако праведникот тешко се спасува,+ тогаш каде ќе се најдат безбожникот и грешникот?“+
19 Затоа, оние што страдаат во склад со Божјата волја, нека му ги доверуваат своите души на верниот Создател додека прават добро.+